Уште од пуштањето на Windows 11, Microsoft информира дека минималните побарувања за компјутерите да можат да го инсталираат овој нов оперативен систем, ќе бидат нешто поразлични од дотогаш. Во главно, побарувањата за процесор не постар од Intel 8ма генерација и AMD Zen 2, како и TPM чип за безбедност, направија да огромен број од корисниците не можат да го надградат својот на компјутер на Windows 11.

Колку голема е таа бројка досега не беше познато, па иако Microsoft не излегува со официјални информации, една компанија има направено сопствени анализи.

Според Lansweeper и нивниот извештај за можноста бизнис корисниците да ги надградат своите компјутери на Windows 11, тоа можат да го направат 57,26% од нив. Скоро 40% немаат компатибилни компјутери, во главно поради построгите побарувања кои ги постави Microsoft.

Од компанијата и така веќе имаа проблем да ги мотивираат корисниците да почнат да го користат Windows 10 помасовно, а посебно бизнис корисниците кои уште голем дел од нив го користат Windows 7. Со новите побарувања процентот на корисници на Windows 11 на пазарот не е нешто посебно голем, а и не може да се очекува значително да се зголеми за краток период.

Сепак, со текот на годините Microsoft успеа да направи добра бројка на Windows 10 корисници, па изгледа сметаат дека надградбата на Windows 11 не е нешто што мора веднаш да се случи за повеќето корисници, а посебно не за бизниси корисниците.

Бројката на корисници на Windows 11 ќе продолжи да расте со купувањето на нови компјутери, па секако овој систем ќе стане доминантниот со тек на време.

Инсталирањето на Windows 11 на некомпатибилен компјутер сепак е можно, во главно преку „чиста инсталација“ на системот, но корисниците немаат гаранција дека ќе можат да ги инсталираат поновите верзии кои Microsoft ги пушта преку Windows Update.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаSamsung го анализира сонот: Како се сменија нашите навики за спиење за време на пандемијата
Следна статијаБорба против корупцијата преку поттикнување отчетност, интегритет и транспарентност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.