Развојот на технологијата, а посебно екраните на допир доведоа до помало користење на старите пенкало и хартија за запишување од обични белешки до сериозни документи. Сепак и покрај технологијата постојат ситуации кога едноставно луѓето ќе продолжат да ги користат „старомодните“ пенкала, а тоа најверојатно ќе остане така уште долго време.
Пенкалото од Bic сигурно ви е познато на сите, тоа е она пластично проѕирно пенкало со ниска цена кое што може да се најде во повеќето продавници. Bic решија да направат нешто помодерна верзија од ова пенкало додавајќи гумен дел на долниот дел со што ова пенкало се претвора во стилус, односно може да се користи на екраните со допир.
Она што е интересно е што Bic има направено две верзии од ова пенкало, едно за европскиот пазар кое што го задржува традиционалниот проѕирен дизајн и друга верзија за американскиот пазар која што има помодерен целосно црн и непроѕирен дизајн.
Цената на Bic Cristal Stylus е околу 10 евра и доаѓа во пакување од три пенкала.