Новата реклама од Apple, насловена The Underdogs: Swiped Mac, ги прикажува можностите кои им се на располагање на корисниците во случај нивниот компјутер да биде украден.
Прикажани се работи како известување на Apple Watch дека компјутерот веќе не е во близина на корисникот, па се до можноста за следење на уредот, негово заклучување, бришење и слично.
Рекламата не е баш кратка и е направена како краток филм, секако на интересен начин каде корисникот никогаш не е во опасност, нешто што во реалниот живот, во вакви ситуација, не сме сигурни дека би бил случајот.
Како и да е, рекламата можете да ја погледнете во продолжение.