Нешто што го чекавме уште кога беше претставен M2 чипот, сега конечно доаѓа на пазарот од страна на Apple. Нова генерација од Mac mini која е посилна, а овој пат со дополнителна верзија која е наменета за корисниците на кои им е потребна поголема моќ при работата.

Mac mini сега доаѓа со избор од M2 и М2 Pro чиповите, што значи дека на корисниците ќе овозможи одлично десктоп искуство со одлични перформанси, а посебно за малото пакување карактеристично за овој компјутер. Дури и почетната цена е намалена за 100 долари, па ќе видиме колку ќе изнесува кај нас.

Користењето на M2 чипот на Mac mini му донесува 8 процесорски јадра, со 4 за перформанси и 4 за заштеда на енергијата. Графичкиот процесор донесува 10 јадра, додека меморијата 24GB која е исто така и побрза за разлика од претходниот модел. Apple стандардно ги дава своите споредби, а како пример тврдат дека Adobe Photoshop функционира 50% поврзо во споредба со претходната генерација.

Моделот со M2 Pro веќе има што да понуди, па доаѓа со 12 процесорски јадра, 19 јадра кај графичкиот процесор, како и 32GB заедничка меморија.

Mac mini со M2 може да се поврзе со два монитори, а Mac mini со M2 Pro со три монитори.

Apple истакнува дека новиот Mac mini може да овозможи перформанси кои досега не биле карактеристични за оваа големина, па се зголемува и видот на корисници кои сега би сакале да го купат овој компјутер.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ги претстави M2 Pro и М2 Max чиповите
Следна статијаApple ги претстави MacBook Pro со новите M2 Pro и M2 Max чипови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.