Фото: Apple

Apple пред една недела го освежи две години стариот iMac 24 инчен кој го доби тогаш новиот М1 чип од компанијата. Во двете години што следеа тој остана како единствена се-во-едно понуда од Apple, а посебно по откажувањето на двата Intel модели од iMac минатата година.

Со претставувањето на iMac 24 М3 моделот, стана јасно дека оваа година нема да видиме М верзија од 27 инчниот модел.

Apple сепак немаат план да претстават ваков iMac, па тие за The Verge, меѓу другите, потврдија дека 27 инчен iMac со М чип нема да биде претставен.

Од компанијата на корисниците им препорачуваат да направат комбинација со Studio Display и Mac Studio или Mac mini, а овој монитор е со 27 инчи.

Тоа што сепак останува како надеж за корисниците се гласините кои најавуваат претставување на iMac Pro со 32 инчен екран за крајот на идната или почетокот на 2025 година.

Со оглед на тоа што Apple информира дека не треба да се очекува 27 инчен модел, тоа сепак ја остава отворена можноста за 32 инчен Pro модел со М4 Pro чип идната година.

На крај изгледа ќе зависи од барањата на корисниците и предвидувањата за продажба од страна на Apple. iMac сепак почесто се користи за помали „задачи“, па професионалците на кои им е потребна моќ обични ги купуваат MacBook Pro или Mac Studio и посилните верзии од Mac mini.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаYouTube тестира ново копче за кога корисниците не знаат што да гледаат
Следна статијаДали Instagram ги известува корисниците кога ќе направите слика од екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.