Apple денеска ги претстави M2 Pro и M2 Max чиповите, кои фановите со нетрпение ги чекаа. Заедно со овие чипови, како и обично, од компанијата претставија и компјутери кои доаѓаат со новите чипови. Mac mini доби надградба на M2, а за првпат доби и посилна M2 Pro верзија.

Вистинските претставници на новите чипови се сепак новите MacBook Pro модели кои доаѓаат со M2 Pro и со M2 Max чиповите. Надградбата ја добиваат 14 и 16 инчните верзии, односно очекувано не е достапна за 13 инчниот модел.

Првата споредба која ја прават Apple за новите лаптопи е дека тие се до 6 пати побрзи од најсилниот MacBook Pro со Intel чип. Кога ќе се земе во предвид од кога немаат претставено MacBook Pro со Intel, не би ни очекувале помала разлика.

Новите MacBook Pro компјутери доаѓаат и со досега најдолго траење на батеријата кај ваквите уреди од компанијата. Apple најавуваат до 22 часа на работа, а тоа во голем дел се должи на користењето на новите чипови кои повторно се промовираат како доста штедливи. Ова секако е точно во споредба со Intel и AMD чиповите, но можеби и споредбата на е фер со оглед на тоа што M чиповите се направени на ARM дизајните.

Подобрувањата во работата кај новите лаптопи може да се види во подобрувањата кај чиповите, а за нив можете да прочитате тука.

Претходна статијаApple претстави нова генерација од Mac mini за првпат со Pro чип
Следна статијаSamsung: Како страста и целта ги поттикнуваат мобилните иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.