Фабрика на TSMC во Тајван / Фото: Shutterstock.com

Оваа година е годината кога Apple треба да почне да го користи новиот 3nm процес од TSMC во производството на нивните чипови. A17 Bionic, на кој ќе работат iPhone 15 Pro телефоните, како и M3 чипот, треба да го користат овој процес и да го подобрат и така одличното место на пазарот.

Според информациите, новите чипови треба да донесат доста големо подобрување на ефикасноста, односно заштедата на енергијата, а тука е секако и делумното подобрување на перформансите.

Очекувањата за продажба на телефоните и компјутерите од Apple се доволно големи, па од компанијата наводно ги имаат зафатено поголемиот дел од производствените процеси на TMSC за оваа година. 90% од работата со новиот 3nm процес ќе биде за Apple, нешто што дополнително ги зголемува очекувањата.

Можевме да прочитаме и дека Apple веќе ги тестира новите М3 чипови, а тоа посебно е забележано за Pro верзиите кои се очекуваат идната година со MacBook Pro лаптопите од највисоката класа.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMotorola го најави претставувањето на новата генерација од RAZR за 1 јуни
Следна статијаИстражување на Аналитика: Домашните компании задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.