amd-f

Веќе подолг период немаме видено ништо ново од AMD од областа на процесорите, но се надеваме дека наредната 2017 ќе го смени мислењето на сите за некогашниот лидер во процесорската технологија.

Првиот Zen базиран систем е претставен на Е3 2016, додека нивно официјално претставување треба да се случи во првата четвртина на 2017 година. Сега за сега можеме само да шпекулираме и да предвидуваме, но одредени извори тврдат дека AMD ќе лансира три верзии од кои SR7 ќе биде нивниот највисоко рангиран продукт со 8 физички и 16 логички јадра, 4MB L2 кеш меморија и 12MB L3 кеш меморија со потрошувачка од 95W. Основната тактова брзина би требало да изнесува 3.2GHz додека турбо брзината да достигне до 3.5GHz. SR7 го ставаат во судир со Екстремната серија на Intel процесорите.

Се претпоставува дека цената ќе биде околу 500 долари во спротива со дупло повисоката на конкуренцијата. Средната класа или SR5 со L2 3MB и L3 12MB кеш меморија најверојатно ќе биде по цена од 250 долари, додека нискиот или основниот модел SR3 ќе има 2MB L2 и 8MB L3 кеш меморија би бил со  најприфатлива цена од 150 долари.

Со новата архитектура AMD треба да го претстават и новото лежиште за Зен – АМ4, со ова AMD ќе почнат за прв пат да користат DDR4 рам меморија.

Секaко неможеме да сметаме на овие податоци со сигурност додека не се официјализираат. На 13ти декмври AMD закажаа настан наречен “New Horizon” со порака “Ако сте сериозни гејмери, ова е настан кој не би сакале да го пропуштите”. Останува само да видиме дали AMD ќе се вратат во битката и пазарот на процесорите што би било од голем плус за секој ентузијаст во иднина со оглед на тоа дека Интел доминираат во оваа категорија.

Извори: HotHardware, TweakTown, PCGamer

Претходна статијаЕдна од најдобрите имејл апликации на iOS, Spark, доби и десктоп верзија за Mac
Следна статијаВикендов се одржа завршниот дел од натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“