Кинескиот гигант Xiaomi е школски пример за успехот на кинеската индустрија и економска политика во целост.

Компанијата која забележува вредност од 100 милијарди американски долари се занимава со производство на технологија. На нивното „мени“ може да се најдат од правосмукалки до телевизори и слушалки. Но, она што ја прави компанијата исклучителна се нивните мобилни телефони.

Низ брокерските кулоари кружат гласини дека компанијата се подготвува за прво јавно наддавање на берзите. (Initial Public Offer, веројатно најдобро објаснување за важноста на овој термин ќе најдете во популарниот филм со Леонардо ДиКаприо во главната улога „The Wolf of Wallstreet” почнувајќи од некаде 01:17:30). Но, како овој кинески анонимен гигант успеа да го акумулира ова богатство?

Во Азија кога се зборува за Xiaomi често се вели дека е кинески верзија на Apple. Всушност тој е токму неговата спротивност. Ако Apple и другите технолошки гиганти се искалија со помош на големите пазари како што се западните земји, Xiaomi буквално ја заобиколи таа тактика. Тие си поставија себеси цел да ги освојат пазарите во Кина и Индија. Непотребно е да се спомене дека тоа им појде од рака. Во Индија тие се вториот најголем производител, веднаш зад Samsung. Со продадени неверојатни 9,2 милиони уреди тие го надминаа сопствениот таргет веќе во третиот квартал од годината.

Меѓутоа клучот до успехот не е само пробој на пазарите во развој, туку понудување на квалитет и сериозно добри перформанси по пристапни цени. Замислете да добиете уред со перформанси на Galaxy S6 или 7 по цена која во просек не надминува 500 евра?

Извори: TheNextWeb, CNBC

Претходна статијаСребрени медали за Петар Заборски и Моника Пендаровска и бронза за Анѓела Мојсовска на турнирот во Самобор
Следна статијаСамсунг го претстави лимитираното издание на Галакси Ноут8 за Олимписките Игри Пјонгчанг 2018