Макпетрол го најавува ребрендирањето на веќе познатите и модернизирани маркети кои од сега ќе бидат под брендот ВЕРНА.

Новиот визуелен идентитет и назив на нашите ВЕРНА Shop & drive маркети, уште еднаш го отсликува инвестирањето на компанијата во иновации и е насочен кон задржувањето на  уникатноста на брендот ВЕРНА, како веќе препознатлив бренд кој во изминативе години е синоним на услужните дејности што ги нуди Макпетрол.

Во согласност со својата корпоративна стратегија, Макпетрол постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет.  Секоја промена ја гледаме како позитивен одраз на развојот на нашата компанија и нашата визија за иднината.

Горди сме затоа што размислуваме и делуваме во оваа индустрија која еволуира со големи чекори. Се надеваме дека, како и досега, нашите ВЕРНА Shop & Drive маркети и понатаму ќе бидат Ваш прв и најдобар избор. Во нив сте секогаш добредојдени и се надеваме дека ќе најдете се што е потребно за Вас и за Вашето возило.

Претходна статијаКрипто 101: „стабилни“ коини
Следна статијаАдријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд