Ubisoft
Media: PrintScreen

Француската компанија Ubisoft создаде софтвер кој се заснова на вештачка интелигенција. Негова главна намена е проактивно откривање на грешки направени при кодирање. Софтверот именуван Commit Assistant се издвојува по тоа што умее да ги предвиди грешките пред истите да бидат воопшто направени.

За да ја има оваа функционалност потребно било софтверот да се нахрани со податоци прибирани изминатите 10 години. Потоа, алгоритамот на вештачката интелигенција ги анализира грешките и местата на кои тие најчесто се појавуваат. На тој начин софтверот умее да предвиди во кои ситуации програмерот има најголеми шанси да направи грешка.

Според анализите на ефективноста на софтверот, може да се каже дека тој успева да улови 6 од 10 грешки. Временски, така се заштедуваат околу 20% од времето. Но, и понатаму популарниот производител на компјутерски игри не би можел комплетно да се потпре на овој софтвер. Доколку се покаже во пракса, би ѝ заштедил на компанијата 70% од средствата кои се даваат за идентификација и поправка на т.н. bug-ови.

Да се надеваме дека конечно игрите на Ubisoft ќе ги искоренат смешните и истовремено иритирачки bug-ови по кои се познати уште од времето на AssassinsCreed 1.

ИЗВОРFuturism
ИЗВОР 2Wired
Претходна статијаДа не ја правиме вештачката интелигенција поглупава
Следна статијаПогледнете ја првата реклама за Samsung Galaxy S9