Shutterstock.com

Toshiba сигурно е име кое одамна го немате слушнато во светот на персоналните компјутери, поточно лаптоп компјутерите. Ова некогаш познато име, на врвот на пазарот, веќе со години работи послабо, па во 2018 се одлучи да поголемиот дел од својата подружница за персонални компјутери го продаде на исто така познатата компанија Sharp.

Процентот којшто го продаде тогаш Toshiba изнесуваше 80,1%, а подружницата беше преименувана во Dynabook која продолжи да функционира на пазарот, но не може да се спореди со брендот на Toshiba.

Како што истакнуваат од Toshiba во нивното известување, остатокот од 19,9% од акциите кои тие ги задржаа во Dynabook ги продадоа на Sharp, како што била оставена можноста според договорот од 2018.

Со тоа, Toshiba веќе официјално нема никаква поврзаност со бизнис кој е на пазарот на персонални компјутери, односно во случајот на овој бренд, со лаптоп компјутери.

За жал, пазарот стана таков изминатите, да речеме, 10 години, па како што е случајот и со пазарот на смартфони, така и тука, бројот на навистина успешни брендови е намален. Успеваат само тие што се во првите три места, па поретко гледаме производи од тие што се пониско на листата.

Иако тие што ги држат првите три места произведуваат одлични производи, сепак на пазарот можеби фали до некаде поголемиот избор кој беше достапен порано.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаTwitter наводно заинтересирани за купување на TikTok покрај Microsoft
Следна статијаE Ink развива екран кој се превиткува за добивање на искуство како да се чита од вистинска книга
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.