Tesla во текот на вчерашниот ден најави дека Model 3, којшто ќе се продава по цена од 35.000 долари, конечно е достапен во продажба. Ова е цена која сигурно ќе привлече поголем број на купувачи, иако за постигнување на истата направени се одредени отстапки во споредба со останатите модели.

Сепак, веста која привлече поголемо внимание е таа дека од компанијата имаат одлучено да ги затворат сите нивни продавници и продажбата да продолжат да ја прават само онлајн.

Корисниците кои на овој начин нема веќе да можат да направат тест возење пред да го купат автомобилот, ќе можат да го вратат истиот во рок од 7 дена од купувањето или до изминати 1.600 километри. Доколку некој се одлучи за ова, парите целосно ќе му бидат вратени.

Од Tesla истакнуваат дека поради ова ќе мора да бидат отпуштени одреден број на вработени, додека одредна бројка ќе бидат распределени во други делови од компанијата.

Оваа промена во начинот на продажба на автомобилите, заедно со уште неколку други мерки, истакнуваат од Tesla, овозможува цените на автомобилите да бидат намалени во просек за 6%. Поради ова цената од 35.000 долари, која се чека веќе подолг период, е постигната порано од планираното.

Дел од продавниците ќе продолжат да функционираат како еден вид на галерии, односно изложбени центри за Tesla.

ИЗВОРTesla
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаОфицијално лансирана првата македонска хорор игра „Wounded“ на светската платформа Steam
Следна статијаШто те спречува да го победиш својот најголем страв?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.