steve-jobs

Обично изгледот на поштенските марки кои ги користи Американската поштенска служба се чува во тајност до денот на нивното официјално претставување. The Washington Post има дојдено до документ на кој што може да се види дека за идната година е планирана поштенска марка со ликот на починатиот основач на Apple, Steve Jobs. Поштенската марка се претпоставува дека ќе биде пуштена во ограничена количина и ќе биде исто така наменета за колекционерите на поштенски марки. Изгледот на истата сеуште не е познат, односно како што може да се види од документот таа е во фаза на развој на дизајнот.

Изборот и дизајнот на поштенските марки за US Postal Service го прави Граѓанскиот комитет за поштенски марки (Citizens’ Stamp Advisory Committee) кој што ги избира тие што се современи, важни, интересни и едукативни. Било кој граѓанин може да поднесе предлог до ова тело и сите предлози се разгледани од нив.

Други познати личности за кои се планира да бидат издадени поштенски марки се и Elvis Presley, водителот на Tonight Show Johnny Carson, Michael Jackson, James Brown и други.

Извор: The Washington Post

Претходна статијаYouTube со освежен дизајн и функционалност
Следна статијаCortana, личен асистент од Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.