Компанијата Singular со номинација за најиновативен софтвер во iGaming индустријата

Една компанија од Скопје го привлекува вниманието на светските оператори со својата иновативност и прогресивен пристап во развојот на платформи и решенија за онлајн игри на среќа

Во моментов, iGaming е една од најдинамичните индустрии на глобално ниво. Да се биде конкурентен играч на ова поле потребно е постојано да се воведуваат нови функционалности на софтверот што се пласира. Во сферата на онлајн обложувањето притисокот за иновација е уште поголем со оглед на брзиот степен на легализација на нови пазари и многубројни регулативни промени.

Една компанија од Скопје го привлекува вниманието на светските оператори со својата иновативност и прогресивен пристап во развојот на платформи и решенија за онлајн игри на среќа. Singular (singular.uk​)  е интернационална компанија која оперира во iGaming и FinTech индустријата со седиште во Малта. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје е фокусиран на развој на софтвер за спортско обложување.

Четврта година по ред нивниот софтвер е номиниран од страна на една од најпрестижните организации за iGaming – EGR B2B Awards во 5 категории:

  • Најиновативен софтвер за спортско обложување
  • Најдобар снабдувач на софтвер за спортско обложување
  • Најдобра покер технологија
  • Иновативни казино игри
  • Најиновативен казино софтвер

Оваа година, решението за спортско обложувње доби номинација од уште една престижна iGaming организација – ​G2E Asia Awards во категоријата „Најдобар B2B дигитален производ во iGaming секторот“. Ова признание отвара нови патишта за Singular која има намера да ја прошири својата дејност во Азискиот регион каде веќе има заинтересирани оператори за нивниот софтвер.

Досегашната база од интернационали клиенти на Сингулар ги опфаќа Африка,

Латиноамериканските пазари и партнери од Заедницата на независни држави. Оваа година Singular ја продолжи експанзијата со нови прекуокеански партнерства со оператори од Австралија и САД.

Да се работи на производ што е препознаен на светско ниво претставува особена гордост за програмерите, проектните менаџери и сите членови инволвирани во развојот на Singular софтверот. Ваков производ може да се креира само кога се работи со иновативна технологија, агилен пристап и тим од луѓе со најразлични вештини и перспектви.

Singular е постојано во потрга по креативни проефесионалци кои ќе допринесат за уште подинамичен развој. Какви профили на луѓе им се потребни може да погледнете на нивната страна за кариера.

Од неодамна Singular склучи ексклузивен договор со Државната лотарија на Нигерија како единствен снабдувач на софтвер за игрите на среќа. Компанијата исто така најавува диверзификација на нивната понуда преку нов проект во областта на eSports во соработка со компанија од Украина.

Деталите за проектот и за која компанија конкретно се работи ќе бидат споделени во наредните неколку недели.

Претходна статијаInTech во чест на 20 години Open Source
Следна статијаЗошто последната сцена на Avengers: Infinity War е всушност разочарувачка