Иако до пред некое време се најавуваше и очекуваше дека настаните од септември ќе се одржуваат без проблем, сепак зголемувањето на заболени со COVID-19 во светот доведе до тоа да сепак настаните не може да продолжат според планираното.

Строгите мерки кога скоро ништо не се знаеше за вирусот направија да ширењето е ограничено, па по олабавувањето на мерките во светот, бројките многу повеќе се зголемуваат за разлика од март и април. Овој тренд не се очекува изгледа да прекине за време на летото кое веќе се ближи до својата средина, па поголеми промени во бројките изгледа нема да има ни оваа есен.

Поради тоа познатиот IFA заем кој секоја година се одржува во Берлин, нема да се одржи во својата стандардна форма, односно нема да прима посетители во голем број, па поради тоа и повеќето стандардни компании нема да ги презентираат своите производи на овој саем.

Samsung најави дека ќе одржи виртуелен настан на 2-ри септември со наслов „Life Unstoppable“. Кога ќе се види датата јасно станува дека ова треба да е замена за настапот на Samsung секоја година на IFA со едни од поголемите штандови и производи.

Исто така, најавата за што ќе биде дел од презентацијата исто така се поклопува со производите кои обично се презентирани на IFA.

Life Unstoppable ќе им биде достапен на медиумите и партнерите на Samsung, по што сите заинтересирани ќе можат да го гледаат по завршувањето.

На овој виртуелен настан ќе бидат презентирани мобилни телефони, паметни часовници и слушалки, телевизори, аудио, како и производи за домаќинство и паметен дом. Производите за домаќинствата имаат посебен дел обично на IFA, па добро е што Samsung ќе ги презентира сепак и оваа година на овој начин.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЗа 1917
Следна статијаИдеа Лаб со тимска еко акција на Маврово: СТОП за уништувањето на природата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.