Веројатно сите сонуваме да работиме во една компанија како што е Гугл или Фејсбук. Самиот начин на работа, креативни канцеларии, опуштена атмосфера е она што ги прави привлечни.

За разлика од другите, ИТ компаниите низ светот се карактеризираат со една поинаква неконвенционална бизнис култура. Според едно истражување кое што е направено на тема во која компанија е најдобро да се работи, дури три од првите десет се ИТ компании. Тие се компетитивно и забавно место за работа.

Денеска ќе ве запознаеме со македонската ИТ компанија Интертек и ќе ви доловиме како всушност изгледа еден работен ден таму.

Интертек е компанија која секој би посакал да работи. Колегијалноста и енергичниот пристап кон работата го прави работното место навистина на едно позитивно ниво. За се друго тука се и просторите за релаксација и дружење. Ова се само дел од карактеристиките кои што се дел еден типичен работен ден.

Сепак, успехот на проектите на кои работат е на прво место. Секое утро тимовите од различни сектори се собираат на кратки состаноци каде што се разговара за работите кои што се направени и кои што треба да се направат. Работниот ден знае да биде динамичен и секогаш со фокус на целите кои се поставени, решавање на технички и организациони проблеми преку дискусија со колегите и тимовите меѓусебно. Самиот тој тимски дух е изграден преку токму тие активности кои што се надвор од работата.

Она кое е вредно да се потенцира дека компанијата Интертек вложува максимално во своите вработени преку посети на разни настани, едукации, семинари, конференции кои придонесуваат за развој на професионален план кај секој вработен. Во Интертек постои и програма за развој на таленти кои преку процес на едукација и практична работа се вклучуваат во работните обврски кои ги носи денот. Се тоа ги прави нашите луѓе, нашиот тим експерти во областа во која делуваат, и токму затоа Интертек е препознаен на глобалниот пазар.

За време на паузите од проектите, вработените користат различни начини да го искористат времето во дружење. Покрај просториите за работа, во Интертек може да се најдат и простории за релаксација. Некогаш е тоа гејминг собата за Сони, некогаш собата наменета за  пинг понг, а често е дружење во дворот кој е во кругот на деловната зграда на компанијата каде често во пролетниот период знае да се направи и забава со скара. Барем еднаш во неделата, тимот на Интертек се собира на афтерворк Beer Party во нивниот двор.

Многу е важно да се чувствувате како да сте дел од тоа опкружување, а не само дојдени на работа и да заминете дома.

Таа позитивна атмосфера е онаа која што е задолжителна за успешноста на една компанија.

Претходна статијаТоп 5 стенд-ап дечки кои ќе ве пукнат од смеење
Следна статијаСтотици милиони Facebook лозинки биле чувани како обичен текст