Samsung има долга историја во областа на иновативните технологии, како и во создавање и развој на врвни производи и нивните карактеристики. Врз основа на тоа ви претставуваме неколку клучни иновации на Samsung кои до ден денес имаат направено мала технолошка револуција:

1. CDMA Мобилен Телефон

Во 1996 година, Samsung го претстави својот прв CDMA мобилен телефон – SCH–100. Тој воедно беше и првиот уред на светот кој ја користеше CDMA технологијата, што го направи прилично иновативен во тоа време. Овој модел е многу лесен и тенок, а имаше и функција за препознавање на глас. Исто така, SCH–100 имаше можност да ги препознае и деликатните звуци, нешто за што се верувало за многу напредно во тоа време, па Samsung за таа прилика го креирал и новиот слоган „Моќен со слабите звуци“, за да ги нагласи неговите можности.

Кон крајот на 1997, околу една година откако CDMA сервисот бил претставен по прв пат, Samsung оствари продажба од 1 милион CDMA мобилни телефони.

2. Телефончасовник

И покрај тоа што многумина не се свесни за ова, Samsung беше првата компанија којашто направи часовник со функции како на телефон, уште во 1999. година. Со овој уникатен уред, покрај тоа што во исто време можело да се провери часот, можело и да се реализираат повици од 90 минути, без додатно полнење.

Денес, Samsung продолжува да го води патот со своите иновации и во август оваа година беше претставен и новиот паметен часовник – Galaxy Watch Active2. Овој, пред сѐ фитнес часовник, им овозможува на корисниците да водат квалитетен и здрав живот со помош на мали, но значајни секојдневни промени – од постигнување цели поврзани со здравјето, како спиењето, редовните тренинзи и управувањето со стресот, до успешно извршување на обврските. Како дел од Galaxy семејството, Galaxy Watch Active2 го нуди најдоброто од екосистемот на Samsung Galaxy за сите оние кои трагаат по совршените уреди.

3. Full HD 3D LED Телевизор

Samsung е водечки производител на телевизори во светот благодарение на постојаните иновации во однос на дизајнот и квалитетот на сликата. Во однос на тоа, првиот Full HD 3D телевизор во историјата е претставен во 2010. година, отворајќи еден целосно нов свет на виртуелна 3D забава.

Меѓутоа, технологијата во последните десет години е толку многу напредната што корисниците денес може да уживаат во фантастичните и живописни слики на своите QLED телевизори, а во меѓувреме Samsung и понатаму ги предводи истражувањата за уште повеќе да го подобри корисничкото искуство.

5. Серијата на Samsung Galaxy Note

Серијата на Samsung Galaxy Note се појави во 2011. година и во тоа време била прилично иновативна и поразлична во споредба со другите паметни телефони пред сѐ поради својата големина. Од тој момент Samsung постојано го подобрува секој нов уред од својата Note серија додавајќи разни иновативни детали во оригинален дизајн.

Најдобриот доказ за тоа е најновиот Galaxy Note10 претставен во август оваа година. Неговиот фантастичен Infinity-O екран кој се простира од раб до раб е совршен за гледање и создавање на најразлични содржини. Воедно, и камерата и револуционерниот S Pen се подобрени до совршенство за да придонесат до незаборавно корисничко искуство.

5. BESPOKE Фрижидер

Samsung претставува прекрасни иновации и во категоријата на апаратите за домаќинство, а BESPOKE фрижидерите се последната новост во тој поглед. Оваа категорија на фрижидери отвора потполно нова ера за дизајн на кујни со тоа што им овозможува на корисниците да изберат различни материјали, бои, големини и стилови прилагодени на сопствениот простор. На тој начин, секој корисник може да има уникатен фрижидер, по мерка, кој ќе биде прилагоден на неговиот животен стил, потреби, како и на кујнскиот простор и дизајн.

Покрај тоа, Samsung постојано се стреми да оствари пошироко влијание во животната средина како преку намалувањето на нивото на отпад произлезено од нашите домови. За таа цел тие ја најавија соработката со компанијата Whisk која работи на развој на платформа за храна за готвењето да го претворат во одговорно и еколошко искуство.

Покрај иновациите и технологијата, грижата за потрошувачите и нивните потреби низ целиот свет се во срцето на мисијата и визијата на компанијата од самиот почеток. Токму затоа, Samsung одлучи да ја одбележи својата 50 годишнина со донирање на врвни технолошки производи на оние кои им е најпотребно за да им го олеснат животот и да им го направат повеќе функционален. Покрај тоа, вработените ќе учествуваат во низа волонтерски активности давајќи свој личен придонес за локалната заедница.

Покрај овие општествено одговорни активности компанијата оваа значајна годишнина ќе ја одбележи со уникатни понуди кои ги подготви за своите корисници, во вид на промоции и врвни сервисни акции. За повеќе информации посетете ја: https://www.samsung.com/mk/offer/

Претходна статија„Рекет“ или обични пазари во гејминг индустријата? (2/3)
Следна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#11)