Image by Gerd Altmann from Pixabay

Nokia објави дека ќе ја прошири својата технологија на самоорганизирачки мрежи (SON) преку 5G мрежите, со кои управува еден од водечките светски телекомуникациски оператори Orange. Договорот ќе ги покрие сите пазари на Orange, почнувајќи со Франција и Шпанија. Nokia ќе продолжи да ја нуди широко распространетата поддршка за 2G, 3G и 4G мрежите, опфаќајќи повеќе од еден милион Orange радио ќелии во Европа, Блискиот исток и Африка.

Nokia SON работи врз радио-технологијата на било кој провајдер, овозможувајќи му на Orange да ги оптимизира своите комерцијални мрежи во живо, без оглед кој ги изградил. Како клучна алатка во портфолиото на Nokia за управување и оптимизација на мрежите, SON и нуди на компанијата Orange моќ да ги автоматизира процесите на конфигурација и оптимизација на радио мрежата, како и да ги подобри мрежните перформанси и ефикасноста како поддршка на зголемените барања на 5G.

Nokia SON му овозможува на Orange да ги автоматизира операциите за да го оствари целосниот потенцијал на своите постоечки 2G, 3G и 4G мрежи, истовремено поддржувајќи го прогресивното воведување на 5G. Овозможувајќи ја централизираната SON платформа, Orange ги автоматизира операциите низ повеќе технологии, елиминирајќи ја сложеноста на повеќеслојните мрежи, кои природно можат да се најдат во глобалните оператори. Екстремната рамка за автоматизација и вештачка интелигенција вградена во Nokia SON, им помага на филијалите на Orange да им пружат на своите клиенти подобар квалитет на мрежата, со поголема сигурност и брзина.

Договорот е најнов пример за континуираното вложување, способност и фокус на Nokia за развој на технологија што ја поддржува практичноста на надградбите на 5G мрежата. Користејќи го Nokia SON комплетот за развој (SDK), Orange создаваше и споделуваше прилагодени решенија за управување на своите единствени мрежни средини.

Арно Вампарис, Виш потпретседател за радио мрежи и 5G во Orange, рече: „Како долгорочен партнер, Nokia беше природен избор да ни помогне да ги автоматизираме нашите мобилни мрежи во различни географски подрачја. Комплексноста на радио оптимизацијата расте со 5G обликувањето на зраците, а флексибилната, автоматизирана и мулти-провајдер платформа на Nokia ни овозможува да го одржиме примерниот квалитет на мрежата и задоволството на клиентите во 5G ерата“.

Марк Аткинсон, раководител на RAN во Нокиа, изјави: „Воведувањето и примената на 5G изгледаат многу поедноставно на хартија отколку во реалниот свет. Цениме и разбираме дека нашите CSP клиенти имаат технолошки пакет што опфаќа повеќе провајдери, што може да доведе до неефикасност и сложеност. Соработката со Orange и неговите глобални филијали за оптимизација и поедноставување на нивните мулти-провајдер мрежи е предизвик на кој се радуваме и горди сме што сме дел од него“.

Претходна статијаFacebook овозможи префрлување на објавите и белешките на Google Docs, Blogger и WordPress
Следна статијаПрепорака за филм: I Care a Lot (2021)