Најголемиот ланец на маркети за бела техника и електроника во Македонија, Нептун, предводен од генералниот директор, Горан Цветинов, континуирано работат на подобрување на корисничкото искуство, имплементирајќи нови начини, кои помагаат за подобро препознавање на потребите на потрошувачите. Како што секогаш се стремат кон подобро запознавање на потрошувачот, на ист начин постојано ги препознаваат и поддржуваат и семејните вредности.

Секој заеднички миг со семејството, гради бесценети спомени, кои се вистинската смисла на животот. Секојдневната задача на секој родител во модерното окружување е често смислување на различни и забавни активности, исполнувајќи го времето на своите деца, кои секогаш се во потрага по нови “палави” предизвици.

Генералниот директор, Горан Цветинов, заедно со Нептун семејството и нивниот долгогодишен партнер LG, ја согледаа потребата за повеќе забавни моменти и преку креативен и забавен фото-предизвик, ги разубавија и овековечија најпалавите моменти на децата, измамија многубројни искрени насмевки, а внесоа и нова свежина во дигиталниот свет.

30 дневниот фото-предизвик, во кој главната улога ја имаа најмалите членови, траеше до 20-ти февруари и имаше една единствена цел – преку фотографија, семејствата да си ги овековечат најинтересните и најсмешни моменти од своите мали палавковци. За целиот предизвик да биде поинтересен, Нептун реши да награди тројца палавковци кои имаа најуникатни и најсмешни фотографии.

Овие 30 дена беа незаборавни за многу родители и деца, кои беа предизвикани од страна на Сара Мејс, Димитар Атанасовски, и нивната мала, слатка и палава Илина, кои преку фотографии ги истакнаа нејзините палавштини, креативни моменти и дружби.

По завршувањето на фото-предизвикот, кој несомнено помина одлично, со многу интересни, смешни и палави фотографии, објавени со hashtag-от #lgпалавковци и тагнување на @neptunmakedonija, најтешката задача ја имаше публиката, како и Сара, Димитар и Илина.

Довербата, лојалноста и палавите моменти на учесниците беше наградена со LG производи. Генералниот директор на Нептун, Горан Цветинов и претставникот од LG, Јосип Радиќ, ги наградија првиот и вториот палавковец. Првата награда падна во рацете на @mavcoska_viktorija, чија фотографија беше наградена со LG телевизорот UHD TV LG 50 UN 7400. Со второто место се здоби палавата и уникатна фотографија на @maja_sah, која беше наградена со мобилен телефон LG Velvet. Третиот LG палавковец, беше избран од страна на Димитар, Сара и Илина и според нивниот заеднички избор третата награда ја доби профилот на @ackovadespina, која објави интересна и палава фотографија од својата ќеркичка, која ќе стане Нептун-инфлуенсер во некоја од следните кампањи на Нептун.

Нептун и LG, се заблагодаруваат на Димитар, Сара и Илина, кои помогнаа овој предизвик да биде вистинско ремек дело, а упатуваат и голема благодарност до сите оние кои одлучија да ги споделат најубавите и најсмешните моменти од своите палавковци и ги направија овие 30 дена посебни и незаборавни.

Големото семејство на Нептун и генералниот директор, Горан Цветинов ги повикуваат семејствата да продолжат да создаваат спомени и да уживаат во моментите поминати со најмилите, а Нептун ќе продолжи да наградува и изненадува со иновативни технолошки решенија за нивните домови и секојдневие.

Претходна статијаFitify и Mood Messenger се меѓу првите апликации создадени од независни европски развивачи за паметниот часовник Huawei Watch GT 2 Pro
Следна статијаTotal Cookie Protection во Mozilla Firefox дополнително ќе ги штити корисниците од следење