Алатката дизајнирана од CGA Simulation, користи „дигитално збратимување“, вештачка интелигенција и визуелизација на игри за да му овозможи на 5G Create да планира континуирано проширување на, како што тврди, најголемата европска 5G мрежа за здравство и социјална грижа, што во моментов се шири во областа на градот Кенсингтон.

Според CGA, алатката „штеди време и ресурси за било кој проект што ja планира 5G мрежата“, овозможувајќи им на корисниците да креираат онлајн дигитална копија од областа за изградба на мрежата. Ги користи локалните податоци од Анкетата за вооружување, Канцеларијата за национална статистика, како и способноста за мапирање на локалните власти.

Мрежата на Ливерпул вредна 7,2 милиони фунти е финансирана од DCMS (Оддел за дигитални услуги, културa, медиуми и спорт) како дел од британската програма за тестирање и испитување на 5G технологијата.

„Со користење на алатката за планирање можеме да анализираме како 5G врската продира низ sидовите и каде 5G јазлите треба да бидат поставени за да се движат околу пречките како дрвјата“, рече Јон Ведерал, управен директор на CGA.

Потенцијалните апликации што се испробуваат во рамките на мрежата вклучуваат далечинско следење на здравјето, решенија за намалување на анксиозноста, далечинска нега на рани и уште многу повеќе.

Лидерот на 5G технологијата во Ливерпул, Ендру Мајлс рече: „Алатката мапира каде на столбовите на светилките, страните на зградите или уличниот мебел, треба да бидат поставени 5G-јазлите за ефикасна комуникација – преку „видното поле“. Ова го намалува времето за планирање, бидејќи напорната работа може да се изврши онлајн. Тоа е исплатлива, ефикасна и едноставна за користење алтернатива за тимовите со ограничен буџет“.

Проектот ќе трае до март 2022 година, надградувајќи ги постојните mmWave јазли, интегрирајќи ја технологијата на мали ќелии и испробувајќи нови случаи на употреба во здравството и социјалната заштита, за да го создаде она што DCMS се надева дека ќе биде „нацрт за употреба на приватните 5G мрежи во испораката на јавни услуги“.

Претходна статијаПристигна верзијата од iOS која овозможува блокирање на следењето од страна на апликациите
Следна статијаВрвни телефони за сечиј џеб: Samsung Galaxy A52 и Galaxy A72