????????????????????????????????????

Програмата за лојалност, на компанијата Макпетрол, ВЕРНА, денес по скоро една година го доби и педесет илјадитиот член на своето семејство. Истото компанијата го одбележа преку настан во салонот на Хонда.

Поточно компанијата Макпетрол за педесет илјадитиот член на програмата ВЕРНА и за клиентот со најмногу стекнати поени на ВЕРНА картичката, подготвија подароци преку кои ја искажаа својата благоданост за нивната лојалност и доверба. Додека, за шефот на бензинската станица Партизанска 002, кој обработил најмногу Верна пристапници, компанијата му додели Пофалница за покажана успешност во одвивањето на ВЕРНА програмата за лојалност на Бензинската станица.

На настанот се обратија Мишко Тасевски, раководител на сетор за маркетинг во Макпетрол како и Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба.

Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници. Идентификувајќи се со оваа девиза, Макпетрол во изминативе години, интензивно вложува во квалитетот на производите и услугите. Потрошувачите го препознаа тоа и ни ја поклонија нивната доверба. Макпетрол, како современа и пазарно ориентирана Компанија, со воведување на ВЕРНА програмата за лојалност ја наградува довербата на своите потрошувачи“.- изјави Мишко Тасевски.

Имено компанијата Макпетрол пред околу една година, преку одрекување на дел од својата фиксна маржа на горивото, ја стартуваше кампањата ВЕРНА. Преку оваа програма потрошувачите стекнуваат поени за секој наполнет литар гориво, како и за други производи купени на бензинските станици и продажни места на Макпетрол. Потоа, со приложување на Верна картичката за лојалност, поените можат да се користат при купување производи од дополнителниот асортиман.

Како компанија сеуште учиме во поглед на спроведувањето на програмата и секојдневно се стремиме истата да расте и созрева. Затоа искрено ги повикуваме нашите потрошувачи, доколку имаат било каква забелешка или идеа околу програмата, слободно истото да го споделат со нас преку нашите профили на социјалните мрежи, како и на бензиските станици. Така ќе ни помогнете во нашата цел, Макпетрол да стане целосно кориснички ориентирана компанија“.- изјави Љупчо Георгиевски

Претходна статијаРоботи удираат луѓе како тест да станат побезбедни во иднина
Следна статијаКаков хардвер ви е потребен и како да го инсталирате Windows 10