• Глобалното истражување помеѓу повеќе од 5.000 извршни директори бележи рекордно високо ниво на оптимизам;
  • 64% од извршните директори во Централна Источна Европа (ЦИЕ) веруваат дека глобалниот економски раст ќе продолжи во 2021;
  • Како најголема закана за раст во ЦИЕ се посочува геополитичката несигурност;
  • Покажаните нестабилности водат кон тоа извршните директори од регионот да се повнимателни во инвестирањето, со цел раст на своите компании.

На 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија со КОВИД-19, која го означи официјалниот почеток на период на длабоко нарушување на глобалните деловни активности

Една година подоцна, сè уште се наоѓаме под нејзино влијание, но вакцините кои беа развиени со брзо темпо нѝ овозможија да очекуваме потенцијално закрепнување. Деталите за тоа закрепнување сè уште не се јасни. Она што е сигурно е дека не можеме едноставно да се вратиме на начинот на кој се работеше претходно. Пандемијата ги покажа основните недостатоци во нашиот глобален систем, слабостите во деловните модели на работење и предизвиците што ќе го обликуваат нашиот свет да се движи напред. Истовремено, таа ослободи енергија и креативност, бидејќи лидерите бараат трајни решенија за овие проблеми.

Двојната улога на пандемијата како забрзувач на трансформацијата и засилувач на нарушувачките сили е нишката што се провлекува низ нашето 24-то годишно глобално истражување помеѓу извршните директори. Повеќето од извршните директори кои одговорија на истражувањето се уверени дека следи глобално економско возобновување. Тоа ќе биде овозможено од продолжување на дигитализацијата на компаниите поттикнато од пандемијата, што ветува продуктивност и други деловни придобивки, но исто така го зголемува ризикот од сајбер напади и ширење дезинформации.

Иако извршните директори повеќе веруваат во изгледите за зголемување на компаниските приходи, вознемирени се поради траекторијата на пандемијата, несигурноста на даночната и регулаторната политика и, во малку помала мера, климатските промени. 

Делот за извештаи на извршни директори на Северна Македонија открива неколку интересни корелации и еден сосема спротивен тренд со извештајот за истражувањето на Глобалниот извршен директор. Меѓу темите за пандемијата кои се доминантни и сепак силен оптимизам за закрепнување со ефикасноста на работењето, зачудувачки е што поголемиот дел од компаниите во Северна Македонија не ги разгледуваат одржливоста и иницијативите за заштита на животната средина како дел од нивните долгорочни инвестициски заложби. Тоа е силен индикатор за недостаток на свесност за улогата и одговорноста на бизнисот во решавањето на проблемите со климатските промени. Ние можеме подобро“ – вели г-дин Боријан Борозанов, управител на фабриката Џонсон Мети во Северна Македонија.

Очекувањата за движењето на економскиот раст и подготвеноста на домашните компании да продуцираат раст во претстојниот период

Иако се чини дека е очигледна глобалната надеж за закрепнување, извршните директори во Северна Македонија покажуваат трипати поголема загриженост дека глобалниот економски раст ќе се намали (31% наспроти 13% на глобално ниво). Она што е видливо, сепак е позитивната перспектива кон подобрување, особено во однос на 2020 година, каде 40% од анкетираните извршни директори сметаат дека растот ќе се подобри, во споредба со 59% оваа година.

„Повисоко ниво на економски развој на нашата економија ќе даде и поинаков стимул и мотивација на домашните компании, поинаков поттик и насока за нивно развивање. За домашните компании потребна е јасна стратегија и визија за развојот на нашата економија во сега видно изменети услови на работење“ – истакна г-ѓа Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.

Но, какви се овие резултати во однос на соседните земји? Изгледите за раст за Северна Македонија отсекогаш биле тесно поврзани не само со далечните, туку и со непосредните географски можности.

Извршните директори од Северна Македонија ги истакнуваат песимистичките изгледи, дури и во споредба со непосредните соседи (пад од 31% наспроти пад од 12%, како што покажува истражувањето спроведено во Албанија).

Компаниските лидери се свесни за потребата за проширување на сопственото работно портфолио. Сепак, се забележува фокус кон традиционалниот пристап, затоа што локалните лидери се помалку заинтересирани за влез на нови пазари (14%) наспроти очекуван органски раст (56%).

Соработка и пласман на странските пазари. Зошто Германија, САД и Кина се пред соседните земји?

Новото истражување покажува промена на фокусот кај извршните директори во Северна Македонија. Претходната година, првите три места беа окупирани од непосредните соседни пазари.

Оваа година, фокусот е на глобалните пазари, поточно Германија со 36%, САД со 25% и Кина со 19%. Првиот соседен пазар на листата е на четвртото место, што покажува јасна промена на очекувањата. Овие очекувања се до одредена мера и усогласени со глобалните трендови и нивните тенденции кон истокот. 

Кои се најголемите ризици од кои стравуваат домашните компании во пост-ковид периодот?

Традиционално, регионалните компании во ЦИЕ се помалку загрижени за заканите од глобалниот „пејзаж”. Единствен исклучок е директната загриженост за пандемиски удар врз деловните активности, нешто што може јасно да се демонстрира со избувнувањето на COVID-19, при што пандемиите сега се вклучени како имплицитна закана кај најмалку 64% од анкетираните организации од Северна Македонија, за разлика од минатата година.

За жал, голем број закани остануваат занемарени од година во година, бидејќи нивното влијание не се чувствува веднаш и локално. Во најголема мерка, ова се однесува на сајбер заканите кои локално се третираат како речиси непостоечки (само 22% од анкетираните извршни директори ги вклучија во нивните активности за управување со ризик, скоро трипати помалку од нивните колеги на глобално ниво).

Друг тренд за загриженост е недостигот на фокус кон достапност на клучните вештини, каде што локалните организации покажуваат намален фокус, не само во споредба со нивните колеги глобално, туку и со оние од регионот.

Позитивните аспекти на COVID-19 кризата. Дали влијаеше мотивирачки да се унапредат дел од процесите во работните организации?

Се вели дека ништо друго не ги поттикнало компаниите кон дигитална трансформација како што е пандемијата со COVID-19. Извршните директори од Северна Македонија се чини дека ја поддржуваат оваа изјава односно 70% од анкетираните извршни директори се изјасниле за умерено до значително зголемување на нивните напори за дигитална трансформација.

„Кризата е секогаш и  можност – можност да бидеме поуспешни. Ако во време на криза не можеме да влијаеме на пазарот и на условите кои не зависат од нас, ова е вистинско време да се свртиме кон себе и да видиме што можеме да оптимизирате – да станеме побрзи, подобри и поефикасни“, порача гѓа Милка Тодорова, извршен директор и Претседател на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје.

Ова исто така важи и за напорите за справување со сајбер безбедноста и приватноста на податоците, иако со помал напор од 58% односно само 14% од анкетираните извршни директори тврдат дека има „значително зголемување на напорите“ во овој домен.

Традиционално се вложува голем напор во иницијативи за намалување на трошоците. Вкупно 75% од извршните директори потврдуваат зголемување на овие иницијативи, за разлика од напорите за преструктуирање на синџирите на снабдување, каде што само 11% извршни директори се изјасниле за „значително зголемување“.

Недостигот на квалификувана работна сила како „рак-рана“ на македонската економија

Организациите во Северна Македонија не се имуни на глобалниот напор за подобрување и зајакнување на работната сила, со цел зголемување на конкурентноста. Впрочем, во многу полиња, локалните напори се на исто ниво со глобалните и регионалните, како што се културата на работна сила (28% локално во однос на глобалните 32%) и вештините (39% во однос на регионалните 35% и глобалниот 31%), додека автоматизацијата прераснува во водечки тренд (50% наспроти глобалните 36%).

Трендовите се разликуваат во следните области: ангажираност на работната сила (само 14% од анкетираните локални извршни директори го истакнаа како фокус, наспроти 39% на регионално ниво), инклузија на работната сила (многу низок процент од 6% во споредба со глобалните 25%) и лидерство (низок процент од 8% во споредба со регионалните и глобалните трендови).


Резултатите од Истражувањето за Северна Македонија ќе бидат достапни на: www.pwc.com/mk Повеќе детали од Глобалното истражување се достапни на: press.pwc.com

PwC анкетираше 5.050 извршни директори во 100 земји и територии, во јануари и февруари 2021 година. Глобалните и регионалните бројки во овој извештај се базираат на под-примерок од 1.779 извршни директори, пропорционален на номиналниот БДП на земјата за да се осигура дека ставовите на извршните директори се репрезентативни во сите главните региони. Бројките на ниво на индустрија и на ниво на земја се засноваат на целосниот примерок од 5.050 извршни директори. Дополнителни детали по региони, земја и индустрија се достапни на барање.

Во истражувањето за Северна Македонија од 36 извршни директори кои го дадоа своето мислење и предвидувања:

  • 22% од нивните организации имаат приходи помеѓу 100 милиони американски долари и една милијарда американски долари.
  • 67% од нивните организации имаат приходи до 100 милиони американски долари.
  • 3% од нивните организации имаат приходи над една милијарда американски долари.
  • 72% од нивните организации се во приватна сопственост. 
Претходна статијаФИТР со ефективна поддршка за компаниите, заклучок од импакт евалуацијата на “Фајнанс Тинк”
Следна статијаDell издаде исправка за откриен безбедносен пропуст кај стотици модели