Shutterstock.com

Како што претпоставувам дека на повеќето ви е познато, Apple своите уреди не ги произведува во САД или некоја друга земја, туку во Кина и тоа во две фабрики во два града. Тоа значи дека од компанијата зависат од можноста да овие фабрики ги испорачаат милионските нарачки кои ги добиваат од Apple.

Според неофицијални извори, производството на iPhone уредите може да биде доведено во прашање, односно нивната количина и рокови на доставување, поради Коронавирусот кој започна и е најмногу распространет во Кина.

Иако градовите каде се фабриките кои работат за Apple не се во близина на градот Вухан каде е започнато ширењето на вирусот, сепак според некои аналитичари се очекува дека дефинитивно ќе има влијание.

Доколку ова навистина испадне така, Apple може да има проблем со нарачките на iPhone 11 моделите кои веќе се продаваат во милионски количини, но не се очекува проблем да има со нарачките на iPhone 12 уредите кои ќе бидат претставени дури во есен.

Тоа што може да „трпи“ од случајот е претставувањето на поевтин iPhone модел, нешто што беше неофицијално најавено дека ќе започне со производство од февруари, а моделот ќе биде претставен во март.

Овој поевтин модел се очекува да биде втората генерација од iPhone SE и соодветно да биде наречен iPhone SE 2, но некои го нарекуваат и iPhone 9. Како и да биде наречен, овој телефон се најавува дека ќе дојде со стариот дизајн на iPhone 8, но затоа ќе го има моментално најновиот чип од Apple, како и доста подобри камери за разлика од постарите модели на кои ќе наликува.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаMozilla Thunderbird ќе продолжи да функционира во новоформирана компанија
Следна статијаНово истражување: Менталното здравје на младите во време на дигитализација (дел 2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.