Оваа година, забавата  обедини повеќе од 300 гости од ИКТ секторот,граѓанскиот сектор, образованието, медиумите и владата, овозможувајќи просторза сумирање на промените кои ги донесе 2018тата година и планирање на целите за2019та.

Неслучајно, а веќе и докажано, ИКТзаедницата како една од најпрогресивните во македонското општество креирајќипозитивни економски промени, но се позиционира и како носител на социјални ихумани проекти, активно вклучувајќи се во каузи кои допираат до најранливитегрупи.

Па така и на оваа новогодишна забава, темата која доминираше и го обоинастанот во вистинска новогодишна атмосфера беше хуманоста.

Имено, МАСИТ восоработка со Црвениот Крст на Македонија организираше донација на топли зимскипарчиња облека за згрижените семејства во центарот за бездомни лица во с.Чичино, Скопје.

Парчињата облека беа донирани од гостите во огромни количини ибеа доставени преку екипите на Црвениот Крст во центарот во с. Чичино. На овој начин и овааМАСИТ новогодишна забава тематски обедини се’ што МАСИТ во моментов преставува:комора за ИКТ индустрија, развојни проекти и хумани каузи.

Претходна статијаDuckDuckGo тврди дека Google продолжува со персонализација на резултатите од пребарувањата и кога корисниците не се најавени со својата сметка
Следна статијаСтартап компанија сака да изгради „бензинска станица“ во орбитата на Земјата