Семос Едукација веќе 10 години по ред доделува стипендии за најпопуларните IT професии во светот. Како и секогаш Семос Едукација овие стипендии делумно ги обезбедува преку својата партнерска мрежа како долгогодишен партнер и авторизиран тренинг и тестинг центар на: Microsoft, Oracle, ISTQB, Adobe, Autodesk, Python и други светски познати брендови.

Стипендиите ќе се доделуваат преку летните менторски програми кои вклучуваат пакет на официјални обуки во Семос Едукација, стипендии и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од македонски и странски компании. Најдобрите слушатели ќе добијат можност за пракса, стекнување на искуство и вработување во компанијата. 

Оваа година ќе се доделат вкупно 70 стипендии за професиите:

  1. 10 Стипендии за Data Analyst by Microsoft
  2. 10 Стипендии за Web Developer by Microsoft
  3. 10 Стипендии за Java програмирање by Oracle
  4. 10 Стипендии за Software Tester by ISTQB (ISQI)
  5. 10 Стипендии за Графички дизајн by Adobe
  6. 10 Стипендии за BIM технологии by Autodesk
  7. 10 Стипендии за Python by Semos Education

“Зошто ги одбравме токму овие професии? Data Analyst ќе биде една од најбараните 5 професии по COVID-19 пандемијата, додека сите знаеме дека најбарани се програмерите (Microsoft, Web Developer, Java, Python…). Софтвер тестер е најбрзо растечката професија во моментов. Креативните индустрии пак од друга страна се во постојан недостаток од квалификувани графички дизајнери кои можат да работат и како freelancer-и на платформи како Upwork, Fiverr, Skyword . Во светот денес, BIM технологијата е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Навлезена е во националните регулативи како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки. Од таа причина и ја креиравме оваа понуда за секој да може да се пронајде во една од овие професии и да добие стипендија која може да има големо влијание врз неговата кариера како IT професионалец, без разлика дали е почетник или веќе искусен експерт.” – изјави Анче Атанасова, менаџер за човечки ресурси во Семос Едукација и раководител на Кариерниот центар.

Во однос на пријавување за стипендиите за летните менторски програми, може да се пријави секое лице кое сака да учи, да се доквалификува или преквалификува и да работи на реален проект, а потоа ќе може да започне нова кариера во одбраната област. Од Семос Едукација велат дека праксата покажала дека најчесто се пријавуваат студенти, невработени лица, лица кои прават целосна преквалификација и вработени лица кои сакаат да ги прошират своите знаења и да напредуваат во кариерата. Најдобрите слушатели ќе добијат можност за пракса, стекнување на искуство и вработување во компанијата преку нивниот Кариерен Центар.

Сите детали и информации за овие програми се објавени на социјалните медиуми и на веб-страницата на Семос Едукација.

Претходна статијаМакедонските клима уреди предвидуваат ладно лето – Како да го одберете вистинскиот?
Следна статијаФИТР: Поттикнуваме инвестициски циклус од 14 милиони евра кај домашните компании за економско заздравување на државата