Shutterstock.com

Huawei е рангирана на 61-то место во годишното рангирање на Fortune која ги собира 500-те најуспешни компании во светот врз основа на приходите и профитот.

Годишното рангирање на Fortune 500 се базира на приходите и профитот на компаниите, како и на нивната големина. Така Fortune 500 стана репер за успех на компаниите, на одржливиот раст, големината, присуството на меѓународниот пазар и улогата во глобалната економија.

Компанијата се искачи за 11 места во однос на минатата година или за импресивни 68 места во однос на 2017 година.

Искачувањето на Huawei во ран листата се базира на пораст од 22% во приходите и 27,5% ба годишниот профит. Сепак, силата на компанијата се базира на други фактори.

„Нашето искачување во Fortune 500 е нов доказ за успехот на нашата компанија во 2019 година. Во срцето на нашите достигнувања се целите што ги имаме поставено – најновите технологии да им се што подостапни на нашите клиенти и продолжување да се фокусираме на инвестициите во R & D. Ова ни овозможи да го постигнеме овој голем успех “, вели извршниот директор на Huawei Ричард Ј.

Претходно оваа година Huawei зазеде 47-то место во рангирањето BrandZ за највредни глобални брендови, благодарение на иновациите во смартфоните од серијата HUAWEI P30, како и неверојатните технолошки решенија при изработкатана  HUAWEI Mate X и долгоочекуваниот Mate 20 X (5G).

Претходна статијаGoogle ја пушти својата нова Shopping платформа за корисниците во САД
Следна статијаWizz Air го најави предизвикот за млади “WIZZ YOUTH CHALLENGE” 2019