Додека оваа недела се’ уште нема ништо ново во случајот со Huawei, поточно блокирањето на компанијата во САД поради вршење притисок кон кинеската влада за постигнување на подобар трговски договор, да потсетиме до каде е отидена работата.

Покрај тоа што Google истакна дека веќе нема да врши лиценцирање на телефоните од Huawei и со тоа тие нема да можат да ја користат Play продавницата за апликации, како и Google апликациите, можевме да прочитаме дека и британскиот ARM реши да престане да соработува во областа на мобилните чипови.

Покрај овие компании, остана прашањето што ќе се случи со лиценцирањето на Windows 10, затоа што покрај одличните мобилни телефони, Huawei на пазарот ги има и едни од најпопуларните лаптоп компјутери.

Од Microsoft се’ уште не коментираат за случајот, како и за тоа што ќе се случи со лиценцирањето на Windows 10, а најверојатно запознаени со случајот, чекаат да дојде до некакво решение.

Сепак, од компанијата ги имаат тргнато лаптоп компјутерите од нивната онлајн продавница, па истите најверојатно ќе се продаваат само во физичките продавници до потрошувањето на залихите.

Овој развој на настаните сепак не е изненадување, ниту за јавноста, а уште помалку за компанијата. Можевме да прочитаме дека од Huawei веќе пред одреден период почнале да се подготвуваат за ваков развој на настаните, развивајќи сопствени алтернативи на Android и Windows.

Иако се очекува дека ќе се дојде до некаков договор на крајот, ова сепак прави проблеми во работата на Huawei, кои сепак ќе се снајдат без разлика на исходот и ќе продолжат да функционираат. Тоа што може да се случи на крајот е уште поголема популарност на брендот, а пад на продажбите на одредени американски производи.

Некои анализи од портали во САД покажуваат дека оваа одлука на Трамп долгорочно само ќе и наштети на американската економија и нивните компании кои имаат голема соработка со Huawei.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаАвтономни и летачки такси возила ќе бидат иднината на превозот
Следна статијаSpaceX ги лансира првите 60 сателити од нивниот проект за овозможување на интернет на целата планета
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.