Shutterstock.com

Huawei, како една од најголемите компании во светот за мрежна опрема, можеби помалку познато доколку не се следи баш тој пазар, се и голем играч во поврзувањето на светот со подморски оптички кабли.

Голем дел од поврзувањето на светот се прави преку ваквите мрежи, спротивно од верувањето дека тоа се’ уште се прави преку сателитите. Сепак, појавата и развојот на оптичките мрежи направи да сателитското поврзување на може да го постигне истиот капацитет.

Huawei Marine Systems е компанија во која Huawei има 51% учество и која е една од најголемите компании кога се во прашање подморските мрежи. Оваа компанија според информациите ќе биде продадена, односно уделот на Huawei на друга кинеска компанија.

Причината веднаш е јасно дека е во случувањата помеѓу американската и кинеската влада, кои кулминираа изминатиот месец кога САД ја стави Huawei на листа со компании кои ја загрозуваат националната безбедност на земјата.

Едно од главните обвинувања на сметка на Huawei се дека нивната мрежна опрема не може да се смета за безбедна поради тоа што компанијата би соработувала со кинеската влада доколку тоа е побарано од нив, а според некои обвинувања тоа и веќе се прави.

Стравувањата се дека кинеските власти ќе имаат пристап до сообраќајот, односно комуникацијата на огромен број на корисници преку мрежната опрема на Huawei која е една од најмногу користените во светот.

Се разбира, од Huawei ги негираат овие обвинувања, а досега никој не успеал да докаже дека вакво нешто се случува. Опремата на компанијата е отворена за тестирање, но секако главниот проблем е сепак политички, а не безбедносен.

Според информациите, последните случувања имаат придонесено до тоа да Huawei го намали бројот на планирани за продажба мобилни телефони, а за тоа наводно сведочи познатиот производител Foxconn кој има добиено откажување на нарачките за кои претходно има вработено нови луѓе за да може да се постигне побарувачката.

Овие случувања се верува дека ќе го забават растот на Huawei кои лани стигнаа до второто место на пазарот за паметни телефони, а најавија дека ќе стигнат и до првото, а според трендот, тоа беше можно да се случи до идната година.

Сега веќе не е познато дали некогаш ќе може да се случи тоа, односно колку би било одложувањето доколку работите со САД се средат на политичко ниво.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМладиот фудбалер Лука Јаневски со признание за најдобар голман во рамки на интернационалниот проект „Фудбал за пријателство“
Следна статијаБрисел привремено ги прекина тестирањата на 5G мрежата поради можноста за поголемо зрачење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.