По неофицијалните информации дека Microsoft планира да се откаже од развојот на сопствената веб технологија за развојот на Edge прелистувачот, од компанијата излегоа и ги потврдија овие информации.

Во основа, Microsoft Edge ќе продолжи да постои и да се развива, само сега на основа на Chromium кодот и технологијата, кои се основата и на Google Chrome.

По објавата на оваа информација, која не е мала и неважна, ќе направи голема разлика на пазарот на интернет прелистувачи, излегоа со свои коментари и двата најголеми конкуренти, барем досега, на Microsoft Edge.

Google, очекувано, му посака добредојде на Microsoft во Chromium проектот, нагласувајќи дека тие ќе работат на развојот отворените веб стандарди, на веќе популарниот проект.

Од друга страна, Mozilla, исто така очекувано, на ова не гледа баш позитивно. Тие истакнуваат дека од бизнис аспект можеби одлуката на Microsoft е логична и добра за нив. Меѓутоа кога ќе се земе во предвид конкуренцијата на пазарот и отвореноста на вебот, ова сепак не е добра одлука.

Chromium, односно Google, веќе го држат поголемиот дел од “вебот”, па со приклучувањето на Microsoft може да гледаме почеток на уште една Internet Explorer ситуација, односно ситуација на немање избор.

Од Mozilla затоа ги мотивираат корисниците дека сега е уште повеќе моментот да го пробаат нивниот Firefox, прелистувач којшто изминатите години повторно стана брз и конкурентен на Google Chrome.

ИЗВОРVB
Претходна статијаQualcomm го претстави својот прв чип развиен специјално за Always On PC компјутерите
Следна статијаРСБСП корисни совети за зимско патување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.