google-new-logo-2015

Изгледа деновиве има повеќе новости за неофицијални информации, отколку точни и проверени кои доаѓаат од компаниите. Сепак, тоа не значи дека не се интересни за читање, а посебно кога ќе се земе во предвид дека почесто ваквите информации се покажуваат како точни.

Според The Wall Street Journal, Google работи на развој на нова апликација за разговори која што во себе ќе има вградено вештачка интелигенција. Таа ќе биде достапна за корисниците преку ботови, односно таканаречени chatbots, на кои што корисниците ќе може да поставуваат прашања и да им даваат задачи.

Иако информациите се малку, оваа можност се споредува со неодамна претставениот Facebook M, персонален асистент од компанијата кој ќе биде достапен преку Messenger.

Покрај потврда на овие информации, останува и прашањето дали оваа апликација, односно систем ќе биде вграден во Hangouts или ќе биде претставена целосно нова апликација.

Големите ИТ компании веќе одреден период активно работат на развојот на системите на вештачка интелигенција. Во овие години ги гледаме почетоците од оваа технологија, која што дури сега почнува да се развива, па којзнае до каде ќе стигне.

Извор: TNW, PCMag

Претходна статијаHTC One X9 – 5,5 инчен телефон од средно-високата класа со поволна цена
Следна статијаПроцесорите со осум јадра не нудат подобри перформанси, ниту пониска потрошувачка во однос на оние со четири
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.