Петар Ниновски – Пред 3 години го основав Brainster – училиштето на иднината кое ќе работи со поединци и компании за да им овозможи персонален и професионален раст.

Мисијата на Brainster е: Да помогне на 1 милион луѓе да дојдат до кариера која од секогаш ја посакувале.

Можеби звучи лудо, но и пред 3 години звучеше лудо тоа што кажував дека ќе го направам со Brainster, па се случи.

Клучните работи кои ја одбележаа оваа година:

  1. Тимот на Brainster порасна од 5 на 14 вработени и нови отворени работни позиции во моментов.
  2. Имаме нови канцеларии во Дебар Маало.
  3. Нашите студенти изработија нови продукти со кои се гордееме.
  4. Ја лансиравме Академијата за Дизајн и првата група е во тек.
  5. Ја поминавме бројката од 6000 луѓе кои биле дел од нашите програми.
  6. Креиравме уште успешни приказни.
  7. На 60+ нови компании им помогнавме да ги обучат вработените.
  8. Започнавме со POPUP курсевите кои станаа популарни кај компаниите и поединците.

По 3 години од основањето, тимот на Brainster се состои од 14 луѓе (13 дипломирани на академиите на Braisnter), 50+ инструктори, 50+ партнерски компании, 160+ компании кои ги развиваат вештините на вработените преку нашите курсеви, одржани првите курсеви надвор од Македонија, и 6000+ учесници кои ја трансформираа својата кариера. Имавме успешна година и уште поголеми планови за во иднина.

Претходна статијаYouTube Annotations целосно ќе ги снема од 15 јануари
Следна статијаШто се случува со Биткоин?!