Shutterstock.com

Ова е одлука која беше барана и очекувана многу порано. Поради кратко кажано брзање да се донесе на пазарот 737 MAX со нови мотори, кој ќе му конкурира на исто така подобрениот Airbus 320neo, Boeing пушти на пазарот авион кој имаше две незгоди во само 5 месеци.

Причината за незгодите е автоматизираниот систем за спуштање на „носот“ на авионот кој поради поставеноста и јачината на новите мотори, може почесто да се случи да биде дигнат нагоре, а со тоа да се доведе до ситуација на губење на висината.

За заштеда на време и пари, Boeing нема дадено доволно информации, како и обука, за овој систем, па компаниите кои ги немале купено сите поврзани можности со него, се случи да пилотите не успеат да ја вратат контролата на авионот кој упорно го насочувал носот надолу, поради погрешни информации од еден сензор за насоченоста на носот.

Исправката на системот и давање на подобра контрола на пилотите беше нешто што требаше да се направи за кратко време, а 737 MAX да се врати кај авиокомпаниите уште пред летото. Тоа се виде дека нема да биде случајот, па се очекуваше истото да се случи до крајот на оваа година, а сега се најавува дека тоа најрано би се случило до март идната година.

Во истрагата се покажа дека покрај тоа што Boeing сакале што побрзо да го пуштат авионот на пазарот, регулаторните тела на САД не направиле доволно за да го тестираат авионот, а во голем дел е оставено на самата компанија да го направи тоа.

По одлуката да се паузира производството на 737 MAX до расчистување на ситуацијата, Boeing конечно одлучи дека е време да го промени својот извршен директор Денис Муленбург. Иако во изјавата од компанијата стои дека тој самиот си дал оставка, според The New York Times, тој бил отпуштен.

Неговото место ќе го преземе досегашниот претседател на одборот на директори, Дејвид Калхун, кој ќе остане член на одборот. Од компанијата со оваа промена очекуваат дека ќе се врати довербата кај клиентите и патниците.

„Одборот на директори одлучи дека промената во лидерството беше потребна за да се врати довербата во компанијата во иднина додека се работи на исправка на односите со регулаторите, клиентите и сите останати страни кои имаат некаква поврзаност со компанијата. Под новото водство на компанијата, Boeing ќе функционира со обновена посветеност кон целосна транспарентност, вклучувајќи и ефективна и проактивна комуникација со FAA, другите светски регулатори и со своите клиенти.“ – истакнаа од Boeing.

ИЗВОРBoeing
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHyundai ќе го претстави својот концепт за градовите и транспортот на иднината на CES 2020
Следна статијаПретставен систем кој го собира јаглеродниот диоксид од камионите и го чува во посебни резервоари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.