Иако се дозна дека заработува милиони продавајќи ги информациите од корисниците кои ги штити, сепак очекувано беше дека Avast ќе мора некако да го заштити својот бренд и бизнис со повеќе стотици милиони корисници.

Од компанијата објавија дека ќе престанат со собирањето на информациите од корисниците и ќе ја затворат нивната компанијата Jumpshot преку која одеше продажбата на информациите.

„Основата мисија на Avast е да ги чува корисниците безбедни онлајн и да им даде контрола врз нивната приватност. Во основа, било која практика која ја загрозува довербата на корисниците е неприфатлива за Avast. Ние сме посветени и свесни за приватноста на нашите корисници и презедовме брза одлука да почнеме да ја намалуваме активноста на Jumpshot откако стана јасно дека некои корисници ја доведоа во прашање практиката на давање на информациите до Jumpshop со нашата мисија и принципи кои не дефинираат како компанија.“ – истакна главниот директор на Avast, Ондреј Влчек.

Целата работа започна при крајот на минатата година кога развивачот на познатиот додаток Adblock Plus, Владимир Палант, откри дека додатоците на Avast, вклучувајќи ги и тие на AVG, собираат информации за корисниците, како историјата на сурфање и се поврзано со тоа. Заклучокот и коментарот беше дека информациите кои се собираат се многу повеќе од тоа што е потребно да додатоците ги штитат корисниците од малициозни страни.

Оваа година, преку добивање на тајни документи и дополнително истражување од страна на Motherboard и PCMag се откри зошто тие информации до толку се имаат собирано. Во основа, Avast преку својата компанија Jumpshot овие информации ги има продавано за милиони долари на големи компании како Google, Pepsi и Microsoft.

Од Avast тврдеа дека овие информации овозможуваат уникатна можност за правење на анализи и следење на трендовите, додека приватноста на корисниците не е загрозена поради тоа што податоците се анонимни. Сепак, од Motherboard и PCMag тврдат дека анонимизирањето на податоците не се прави целосно и доколку се сака, може да се поврзат конкретните корисници.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДали Huawei би ги користеле сервисите и апликациите од Google доколку тоа им биде повторно овозможено?
Следна статијаКратко неофицијално видео целосно го прикажува Galaxy Z Flip
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.