Енди Рубин е еден од основачите на Android оперативниот систем којшто повторно стана познат во јавноста по својата компанија Essential. Оваа компанија го претстави првиот телефон којшто има исечок на горната страна од екранот, по што Apple го започна трендот во истата година, тренд којшто се префрли на доста модели од телефоните.

Essential PH-1 беше претставен како прв телефон од оваа компанија уште во 2017, па од компанијата од тогаш не претставија ништо ново. Овој телефон којшто беше доста поразличен од останатите сепак не успеа да се продаде во голема количина и да ги предизвика големите играчи на пазарот. Според некои информации, телефонот имал проблеми со камерата, екранот и слично, па тоа додатно има придонесено за малата продажба.

Essential минатата година повторно најави нов телефон, овој пат уште поразличен од телефоните кои ги користиме. Project Gem беше концепт на телефон којшто е доста издолжен и „тесен“, замислен да се користи со една рака, а поради форматот беше изработен и целосно посебен кориснички интерфејс.

Сепак, овој телефон нема да го видиме како финален производ. Од компанијата изјавија дека тие ја затвораат компанијата, а заедно со телефоните ќе престане да функционира и Newton Mail апликацијата која тие ја купија пред некоја година.

Изминатите години скоро е невозможно да се остане на пазарот на мобилни телефони кој е држен во главно од 3-5 играчи. За да успее нова компанија да се пробие, треба да претстави навистина привлечни модели, а трендот е нив да ги има најмалку секоја година.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаНЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик – мобилното банкарство
Следна статијаSamsung го претстави новиот 2020 QLED 8K flagship телевизор на европскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.