Фото од Kon Karampelas преку Unsplash

Случајот со TikTok уште не завршува, а од американското министерство за финансии го продолжија рокот за продажба на сервисот за уште една недела. Тоа значи дека ByteDance сега има до 4-ти декември да се договори со некоја американска компанија за продажба на нивниот TikTok сервис, по што истиот може да биде блокиран во САД.

Причината поради која од САД бараат продажба на сервисот е тврдењето дека тој претставува закана за националната безбедност на земјата со пристапот до информациите за своите повеќе од 100 милиони корисници од оваа земја.

Некои посебни докази дека инсталирањето на TikTok на мобилниот може да ја загрози приватноста на корисниците, нема, иако апликацијата беше во вестите поради такви појави кои потоа без исправени.

Иако на почеток Microsoft беше компанијата која изгледаше дека ќе се договори за купување на TikTok, сепак на крајот ByteDance се договори со Oracle и Walmart. Договорот беше позитивно оценет и од претседателот Доналд Трамп, но сепак работите не продолжија во саканиот правец.

Дополнителна пречка за договорот стана и одлуката на кинеските власти кои донесоа забрана за извоз на технологија, со што се доведе во прашање можноста за користење на алгоритамот на TikTok.

Што точно ќе се случи со TikTok уште не е јасно. Од компанијата сопственик до сега успешно го спречуваат блокирањето преку судовите во САД, а тужби имаат поднесено и некои од креаторите на мрежата. Според информациите, познатите креатори добро заработуваат од овој сервис, па јасно е дека не сакаат да тој биде блокиран.  

Според најавите, Џо Бајден доколку дефинитивно стане претседател на САД, сега за сега не најавува некои посебни промени во пристапот кон овој сервис, иако се најавува дека може да „олабави“ со притисокот за негова продажба.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2CNN
Претходна статијаBlack Friday распродажба на Smartus.mk
Следна статијаHuawei и 5G во Германија, што се случува?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.