Скопје, 19 Јуни 2020: Wizz Air, водечката ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, и најзелената авиокомпанија во Европа, денес најави специјална промоција на Wizz Flex за само 1 евро.  Промоцијата важи за сите нови резервации направени во периодот од 19 јуни 2020 година, 00:00 часот до 21 јуни 2020 година, 23:59 часот, на билети за месец Јули и Август. Билети можат да се резервираат преку wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата.

Со додавање на WIZZ Flex при резервирање, патниците можат да бидат сигурни дека доколку околностите се променат, или едноставно патникот сака да патува на друг датум, или на друга дестинација, може да ја смени картата за било кој лет на Wizz по сопствен избор. Обезбедувањето на оваа дополнителна услуга е заштита за патниците посебно во овие неизвесни времиња.

*Промоцијата важи во периодот 19 јуни 2020 година, 00:00 часот – 21 јуни 2020 година, 23:59 часот CEST („Промотивен период“). Цената од 1 евро важи за услугата WIZZ Flex по лет, по патник, купена со билет по цена на превоз Basic при резервирање на wizzair.com или апликацијата за мобилни уреди на WIZZ во промотивниот период. Промоцијата не важи за групни резервации и билети со пакетите WIZZ Go, WIZZ Plus и Flex. Со купувањето на услугата WIZZ Flex во промотивниот период, ги прифаќате и се согласувате со горенаведените „Услови“ и „Правилата и условите на WIZZ Flex“ 

Претходна статијаМакедонските оператори ќе започнат со времен прекин на телевизиските програми
Следна статијаМакедонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми