Фото: Shutterstock.com

Специјален извештај објавен од Reuters открива практика од вработените во Tesla на споделување на за нив интересни слики и видеа кои се направени со камерите кои ги имаат овие автомобили. Корисниците кои ќе изберат, сликите и видеата кои ги прави нивниот автомобил се прикачуваат на серверите од Tesla и од компанијата имаат пристап до нив.

Автомобилите од Tesla имаат повеќе камери кои се насочени на сите страни. Ова е поради системот за автономно возење, а покрај камерите достапни се и други сензори, но не се важни за оваа статија.

Reuters доаѓа до оваа информација разговарајќи со повеќе поранешни вработени во компанијата, а од Tesla се’ уште немаат излезено со изјава да кажат дали вакво нешто навистина се има случувано.

Се верува дека вработените ги споделувале сликите и видеата кои им биле интересни помеѓу себе, а во некои случаеви тие биле споделувани и во групни разговори. Сликите и видеата вклучувале такви како гол човек како се приближува кон автомобилот, сообраќајна незгода со дете на велосипед и слични.

Јасно е дека вработените ги разгледувале достапните слики и видеа и ги избирале тие кои ги сметале за смешни, интересни и вредни да се споделат. Со некои слики дури правеле и „мемиња“, па си ги споделувале помеѓу себе.

Според информациите, една од сликите кои биле споделувани се верува дека е од приватната гаража на Елон Маск. Сликата била од Lotus Esprit автомобил кој е користен во James Bond филмот од 1977, The Spy Who Loved Me“. Овој автомобил е познат по неговата можност да се претвори во подморница, а го има купено Маск во 2013 за скоро 1 милион долари.

Се верува дека вработените кои ги разгледувале овие слики се тие кои работат на тренирањето на моделите со вештачка интелигенција. Tesla вработува голем број на луѓе кои треба да ги означуваат сликите, односно што е тоа што го гледаат на нив, за да можат да и помогнат на вештачката интелигенција да прави точна разлика помеѓу пешаци, сообраќајни знаци и слично.

Ваквиот пристап до сликите и видеата е покриен со политиката на приватност од компанијата и некои од поранешните вработени со кои имаат разговарано од Reuters не гледаат никаков проблем со споделувањето помеѓу нив.

Овој случај покажува дека сепак во денешно време приватноста е донесена на друго ниво. Секој сервис кој подразбира пристап до сликите на корисникот, потенцијално се во ризик од вакви случувања, а посебно кога работата на дел од вработените е да ги разгледува тие слики.

Се верува дека вработените го правеле споделувањето изминатите неколку години, а не е познато дали тоа се’ уште се случува.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаНовости од каталогот на фитнес уреди на Смартус Македонија
Следна статијаMicrosoft го вгради новиот Bing и во нивната SwiftKey тастатура
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.