Се работи за 20 годишен жител на Los Angeles кој што поставил слика на Twitter на која што се гледала пушка поставена на тераса која што гледа спрема улица. Во твитот напишал дека доколку сликата биде споделена (retweeted) 100 пати тој ќе пука во некој човек што во тој момент ќе поминува на улицата пред неговата зграда.

Твитот бил пријавен во полиција, по што е најден човекот и уапсен. Кога бил пребаран неговиот дом била најдена само воздушна пушка, па се смета дека се работело за невкусна шега. Како и да е тој бил задржан со кауција за негово пуштање од 50.000 долари.

Неговиот профил на Twitter по пријавувањето во полиција бил суспендиран, меѓутоа пред тоа да биде направено твитот бил споделен повеќе од 300 пати.

twitter-shooting-threat

Извор: Los Angeles Times

Претходна статијаSamsung претстави додатоци за лицата со проблеми со видот
Следна статијаЕвропската Унија ќе донесе закон кој што ќе бара користење на универзален полнач за уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.