Кога станува збор за потенцијалниот успех на компаниите во иднина, Tesla се јавува како најсериозен кандидат за лидерската позиција. Вредноста на нивните акции на берза постојано се зголемува и веќе ја надминаа вредноста на акциите на некои големи автомобилски компании како што е Nissan. Милијардерот Ron Baron, којшто е инвеститор во компанијата, е оптимист дека може да се достигне вредност од еден трилион долари до крајот на наредната декада. Според него 1,6 милиони акции моментално имаат рекордна вредност од 280 долари, што би значело вкупна моментална вредност од 450 милиони долари. Неговите предвидувања се дека до 2030 година оваа сума ќе биде за 30 пати поголема.

Најголемиот напредок се очекува да се случи до 2020 година, кога вредноста треба да порасне за четири пати. Еден од клучните моменти за овој потенцијален напредок е и SolarCity. Преку комбинацијата од електрични возила, соларни кровови и други бенефити од овие две компании, основачот Elon Musk планира да се вгнезди длабоко прво во американското општество а потоа и во целиот свет. Доколку се оствари предвидената вредност од еден трилион долари, тоа би било повеќе од моменталната вредност на компаниите Google и Apple, која што исто така може да се зголеми во иднина.

Од друга страна постојат и многу скептици за растот на Tesla во иднина. Но кога основачот на компанијата и искусен инвеститор како што е Ron Baron го предвидуваат истиот напредок во иднина, тогаш не останува многу простор за скептицизам.

Извор: Electrek, Fortune

Претходна статијаChime е нов сервис за видео конференции на Amazon
Следна статијаNokia 3 ќе чини 150 евра и ќе има прилично солидни спецификации