За разлика од некои други компании, Tesla воопшто нема проблем со рекламирањето. Постојат луѓе кои самите ги рекламираат производите на Telsa и SolarCity, особено автомобилите. Оттука се раѓа идеја за „Project Loveday“ натпревар во кој фановите ќе имаат можност да споделат YouTube видео со времетраење од една и пол минута, а со тоа да станат потенцијални победници во овој натпревар. Најдоброто видео ќе биде наградено, најверојатно со посета на еден од производните центри на Telsa во САД.

Elon Musk открива дека идејата доаѓа од еден нивни фан Бриа, и нејзиното писмо кое го испратила до компанијата е наградено со посета на еден од производните центри на компанијата. Во нејзиното писмо исто така има предлози за наградите кои би следувале за победникот, како на пример споделување на видеото на официјалните страници на Tesla на социјалните мрежи. Натпреварот официјално започнува на 8-ми мај оваа година.

Ова е уште еден од плановите на Elon Musk кој се остварува, откако лани изјави дека сака неговата компанија, односно компании, и нивните производи да добијат алтернативно и интересно рекламирање. Наградите коишто ќе бидат реализирани за победниците на „Project Loveday“ натпреварот, се многу поевтини отколку самата компанија да се посвети на создавање на реклами. Со оглед на тоа дека луѓето веќе имаат започнато со создавање на видеа, останува само да се одберат најдобрите и да се искористат како реклама за компанијата. Можеби во иднина победникот ќе добие и некој производ од Tesla или SolarCity. Ако Model 3 е премногу оптимистички, тогаш Powerwall батерија звучи како добра инспирација за натпреварувачите.

Извор: Engadget

Претходна статијаКои апликации ја “цицаат” батеријата на Вашиот iOS уред
Следна статијаAmazon сака да се префрли на соларна енергија