Елон Маск и Tesla го најавија отворањето на нова фабрика за производство на таканаречените Megapack батерии во Кина, поточно во најголемиот град во земјата, Шангај.

Маск оваа фабрика ја најави како фабрика која ќе го надополни производството на нивната фабрика во Калифорнија, САД, а тоа ќе го прави со очекувано годишно производство на 10.000 батерии.

Megapack се батерии кои не се од тие кои се користат кај електричните автомобили и слични кориснички производи. Овие батерии се замислени за чување на енергијата произведена од извори на обновлива енергија, како што се сончевите колектори, ветерници и слично. Можноста за чување на оваа енергија, наместо веднаш да се искористи е доста важно, а посебно за помалите корисници како што се компаниите и домаќинствата.

Батериите се со големина отприлика колку еден контејнер за складирање, па од тука се гледа и нивната намена. Тие можат да бидат приклучени на електричната мрежа, па зачуваната енергија да се користи во одредени ситуации.

Интересна е одлуката на Маск и Tesla да отворат фабрика во Кина во време кога американските власти, дури од времето на Трамп, се обидуваат да ја пренасочат економијата внатре во САД. Оваа политика администрацијата на Бајден ја спроведува уште посилно, а може да се каже и почудно. Достапни се и субвенции за компании кои не соработуваат со Кина, кратко кажано.

Фабриката во Шангај треба да започне со работа идната година, а батериите ќе се продаваат во целиот свет, односно не само во Кина.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаIN MEMORIAM – Г-ДИН ТРАЈЧЕ ЧЕРЕПНАЛКОВСКИ
Следна статијаYouTube Music конечно започна со воведување стихови во живо на нивната апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.