Tesla Motors станува само Tesla со цел да покаже дека не се работи за компанија којашто произведува само автомобили. И покрај тоа што сите веќе знаат на колку многу полиња оваа компанија е распространета, сепак тие се одлучија за промена на името на компанијата.

Соработката со SolarCity која исто така е во сопственост на Елон Маск ги прави едни од лидерите во полето на соларната обновлива енергија. Инаку договорот со SolarCity вреден цели 2 милијарди долари беше постигнат во ноември минатата година. Целта која што Елон Маск сака да ја постигне, е неговата компанија Tesla да стане место каде што потрошувачите ќе можат да ги реализираат сите нивни желби коишто се однесуваат на зелената обновлива енергија, без разлика дали се работи за електричен автомобил или пак за напојување на домот со овој вид на енергија.

Другата добра вест е тоа што производите од Tesla се компатибилни едни со други. Тоа значи дека доколку во вашиот дом го имате инсталирано соларниот кров од SolarCity и преку него ја полните Powerwall батеријата која што ја имате инсталирано во домот, тогаш електричната енергија која што ја добивате од кровот и ја складирате во батеријата може да ја искористите за полнење на вашиот електричен Tesla автомобил, доколку поседувате таков се разбира.

Сличен случај на ребрендирање на компанија од светскиот врв се случи пред десетина години кога Apple го презентираше својот револуционерен производ iPhone, компанијата се одлучи од името да го исфрли зборот Computer и да се вика само Apple Inc.

Извор: TheVerge, Bloomberg

Претходна статијаФотографии од прототип на LG G6 откриваат уште повеќе детали за смартфонот
Следна статијаВака ќе изгледаат Project Neon апликациите во Windows 10