SEEUTechPark_Logo2

Научните паркови и областите за иновации играат важна улога во предводењето и спроведувањето на европските политики и идеи во нашите европски различни градови и региони. Како посреднички организации, Технолошките Паркови се вмрежуват и комуницират со кластери и бизнис инкубатори се со цел размножување на ефикасноста на овие политики на локално и национално ниво.

Овие беа некои од клучните прашања кои беа адресирани на конференцијата на Европскиот екосистем за иновации со тема: “Доброто управување и ефективна поддршка за паметна специјализација” организирана од страна на Комитетот на регионите и на Европската комисија, којa се одржа во Брисел на 26 јануари. Меѓународната асоцијација на технолошки паркови и области на иновации (IASP), на кои SEEUTechPark (првиот Тешнолошки Парк во Македонија) е член, е нивен официјален партнер.

На настанот се вклучија учесници со цел да разменат знаења за ефективноста и поддршката на иновативното претприемништво на ниво на одредени области, во контекст на спроведувањето на стратегии за паметна специјализација, во која беа вклучени истражувањата на интрарегионалното владеење за успешноста на Европскиот екосистем за иновации, како и на квалитетот и ефикасноста на давателите на услуги за поддршка на бизнисите.

Соработка помеѓу технолошки паркови и кластери

Претседателот на IASP Жан-Франсоа Балдучи (Атланпол, Франција) се приклучи на интерактивниот панел за дискусија на регионалните модели со управување за промена на економските услови, додека IASP одржа посебна седница фокусирана на придобивките на интеракцијата помеѓу технолошките паркови и кластери.

Панелистите разговараа и за тоа како интеракцијата помеѓу кластерите и технолошките паркови стимулира раст, го поттикнува протокот на знаење меѓу универзитетите и компаниите, и ја промовираа културата на креативност и иновативност. Учесниците истакнаа дека оваа интеракција може да ја подобри конкурентноста и да се олесни интернационализацијата на малите и средните претпријатија преку обезбедување пристап до глобалните мрежи.

Со генералниот директор на IASP – Луис Санз и Марк Патинсон од „Европската опсерваторија за соработка на кластери“, членовите на IASP од цела Европа ги споделија најдобрите практики на панелот заедно со претставници од неколку кластери. Важната улога на Технолошките Паркови и нивниот капацитет за да се подобри ефикасноста на кластерите и да се ориентираат нивните стратегии беше широко признат и истакнат.

Дел од говорниците на IASP беа Катрин Џонс, (NETPark, Обединетото Кралство), Џосеп Пике, (La Salle Technova, Шпанија), и Јари Лаулонен, (Joensuu Science Park, Финска).

Други официјални учесници во настанот беа „Европската бизнис мрежа“ (ЕБН), „Европската опсерваторија за соработка на кластери“ и „Европската асоцијација за истражување и асоцијацијата за технологија“ (EARTO).

techpark-1

Учесниците на конференцијата имаа можост да проследат и неколку високи претставници на ЕУ, вклучувајќи го и Комесарот за истражување, наука и иновации Карлос Моедас; Претседателот на Европскиот комитет за регионите Марку Маркула; Претседателот на Европскиот комитет за регионите Јоми Ренсторм; Потпретседателот на Европскиот парламент, Рамон Луис Валкарел Сисо; и Шефот на кабинетот на комесарот за регионалeн и урбански развој Никола Де Микелис.

За Меѓународната асоцијација на научни паркови/технолошки паркови и области на иновации (IASP)

IASP е светска мрежа на научни паркови и области на иновации, која е основана во 1984 година. Со вкупно 400 членки во 74 земји, IASP поврзува професионалци кои работат во областата на науката, технологијата и истражувачките паркови (STPs) и други области на иновации од целиот свет, и обезбедува услуги кои носат раст и ефикасност за членовите.

Членовите на IASP ја подобруват конкурентноста на претпријатијата и претприемачите во нивните градови и региони, и носат придонес кон глобалниот економски развој преку иновации, претприемништво, како и пренесување на знаење и технологија.

IASP е невладина организација со специјален консултативен статус во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации и еден од основачите на Светската алијанса за иновации (WAINOVA).

Претходна статијаCoolpad отсега на сите европски пазари
Следна статијаMicrosoft ги објави финансиските извештаи за 2015 – На Surface уреди им оди одлично, но не и на Windows Phone