Изминатиот период Google е на ред да биде во центар на вниманието за нарушување на приватноста на корисниците и слични практики поврзани со истото. Минатата недела можевме да прочитаме за тоа дека исклучувањето на Location History во Google Settings не го прекинува следењето на локацијата на корисникот, а за истото е потребно исклучување на App & Web Activity исто така.

Оваа недела со свое истражување излезе универзитетот од САД, Vanderbilt University, кои објавија цела студија за што е тоа што Google го собира од своите корисници, на Android, но и на другите оперативни системи каде се присутни и се користат нивните сервиси.

Она што заклучуваат од универзитетот е дека Google собира многу повеќе податоци од тоа што досега се верувало, а истото го прават при активно користење на апликациите од страна на корисниците, но и кога истите не се користат.

За пример, тие истакнуваат дека имаат откриено дека Android телефон којшто не се користи во моментот и работи со Google Chrome, во текот на 24 часа испраќа информации со локацијата на уредот 340 пати во текот на 24 часа.

Во основа Google преку својот оперативен систем и неговите сервиси, секојдневно собира информации за локацијата на уредот, за апликациите кои се користат, за веб страните што се отвораат и слично.

Студијата покажува дека Google собира информации и кога ниту еден од неговите сервиси не се инсталирани и не се користи Android како оперативен систем, а истото се прави преку сервисите за реклами кои се присутни во скоро сите веб страни и мобилни апликации.

Од Google истакнуваат дека оваа студија е тенденциозна и дека не ја отсликува реалната слика за нивните практики.

ИЗВОРFast Company
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаНајновиот, супер моќен член на Galaxy семејството – Galaxy Note9 претставен во Македонија
Следна статијаWindows 95 направен како апликација која може да се инсталира на Windows, macOS и Linux
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.