Stephen_Elop_008

Оваа вест покрај другото е интересна поради информациите кои се појавија минатата година, кога сеуште се шпекулираше со можните наследници на Steve Ballmer, дека доколку Stephen Elop биде избран за главната директорска позиција планира да го продаде Xbox секторот, како и да го откаже Bing сервисот и да се сконцентрира на Office производите.  Оваа информација не беше потврдена, односно беше добиена од внатрешни извори на Bloomberg.

Xbox играчката конзола е дел од Devices and Studios секторот во Microsoft во која е и развојот на Surface уредите. Според информациите Stephen Elop ќе биде назначен на главната позиција на овој сектор со што ќе биде одговорен за развојот на производот што наводно планирал да го продаде. Информацијата доаѓа од внатрешна комуникација испратена од Julie Larson-Green, моментално на чело на овој сектор, која што заминува на друга позиција во компанијата. Во текстот таа истакнува дека вработените ќе биде оставени во добри раце кога Stephen Elop ќе дојде на нејзината позиција.

Оваа позиција Elop треба да ја преземе по официјалното завршување на зделката со која што Microsoft ја купува Nokia, односно делот за мобилни телефони.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаNvidia ги претстави првите Maxwell графички
Следна статијаGoophone S5 – кинеска копија на новиот Galaxy S5
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.