Земајќи ја во предвид состојбата на прогласената пандемија на заболени лица со Корона вирус, COVID – 19 и сите препораки на Министерството за здравство, Владата на Република Северна Македонија и Светската здравствена организација, упатуваме апел до сите потрошувачи за дисциплинирано однесување и почитување на сите препораки.

При посета на нашите бензински станици ги советуваме потрошувачите да внимаваат да не се создаваат непотребни застои и групирања, односно максималната бројка на присутни во продавниците да биде ограничена до три лица, како и задолжително да се одржува препорачаното растојание кога се чека во ред за било каква услуга. Апелираме до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици, како и да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.

Макпетрол како општествено одговорна компанија и водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава, секогаш се грижи за своите вработени, како и за сите потрошувачи и посетители. Ние сме во постојана комуникација со сите релевантни институции, водиме корисни и конструктивни разговори и консултации со цел да обезбедиме безбедни услови како за вработените, така и за потрошувачите.

Постојано ги обучуваме и информираме нашите вработени, со цел стручно и професионално да излеземе во пресрет на сите потреби и очекувања од страна на потрошувачите. Секојдневно работиме со нашите вработени и инсистираме да ги почитуваат  донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално однесување во новонастанатите услови. Истовремено ги подржуваме вработените на бензинските станици во нивната заложба за хумано, етичко и професионално однесување во овие вонредни услови, знаејќи дека со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици.

Истовремено ги информираме нашите потрошувачи дека поставените кафемати во нашите бензински станици, заклучно од 20 часот на ден 17.3.2020 година нема да бидат во функција.

Претходна статијаТоп 10 материјали за Коронавирусот (дел 1/2)
Следна статијаHuawei ја претставува услугата „Врата до врата“ за секој модел и секој клиент низ цела Македонија