Microsoft

Steve Ballmer моменталниот Главен извршен директор на Microsoft најави дека ќе се повлече од функцијата уште минатото лето. Пред неколку месеци почнаа шпекулациите за можниот негов наследник. До пред некое време најсериозен кандидат за функцијата според шпекулациите беше Stephen Elop, меѓутоа на листата беа уште неколку други, меѓу кои и Alan Mulally – Моментално главен извршен директор на Ford Motor Co., Tony Bates – Поранешен главен извршен директор на Skype, сега одговорен за развој на бизнисот во Microsoft и Satya Nadella – Одговорен во Microsoft за Cloud и сервиси за големи корисници.

Според најновите информации до кои што има дојдено Bloomberg од нивни извори, во последните недела дена како најсериозен кандидат што треба да го наследи Steve Ballmer е Satya Nadella. Информациите одат до таму да тврдат дека иако одлуката на е уште дефинитивно донесена, дека сепак ова ќе биде новиот CEO на Microsoft. Исто така според истите извори се најавува смена и на Bill Gates од местото претседател на одборот на директори.

Satya Nadella работи во Microsoft веќе 20 години, а таму има дојдено од Sun Microsystems. Роден е во Индија во 1967 година каде што го има завршено електро факултетот. По преселувањето во Америка има завршено и факултет за компјутерски науки. Моментално тој е извршен потпретседател во одделот за Cloud и сервиси за големи корисници. Неговиот оддел стои позади равивањето на Cloud OS решението на Microsoft кое што претставува нивно решение за поголег број на cloud сервиси. Нивните најпознати сервиси работат на тоа решение, односно сервисите како Bing, SkyDrive, Office 365, Skype и други.

Нема уште долго време да се чека да се дознае кој ќе биде наредниот CEO на Microsoft. Најавите се дека тој ќе биде избран пред почетокот на Build конференцијата која што ќе се одржи овој Април.

Претходна статијаLenovo ThinkPad 8 бизнис таблет
Следна статијаПробиени Yahoo Mail кориснички сметки во хакерски напад
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments