Рекламите кои ги прави за своите паметни телефони Samsung, се едни од поинтересните на овој пазар. Тоа посебно е така поради „исмејувањето“ на конкуренцијата, а посебно iPhone кое стана стандардно во овие реклами, со цел да се истакне подобриот избор за корисниците во нивните Galaxy уреди.

Најновата реклама ги промовира најновите Galaxy S9 модели, а тоа го прави на сметка на едно откритие од крајот на минатата година кое се однесува на практика која Apple ја имале со нешто постарите iPhone модели.

За потсетување, Apple намерно ги има намалувано перформансите на iPhone моделите чија батерија веќе не е толку нова, со цел како што тие истакнаа, да не дојде до несакани исклучувања на уредот и слични проблеми поврзани со постара батерија. Проблемот со целата работа беше што од компанијата ова не им го кажуваа на своите корисници кои често купуваа нов iPhone, наместо само да ја променат својата стара батерија.

Во софтверската надградба на iOS на верзија 11.3, Apple воведе дел во Settings каде може да се следи „здравјето“ на батеријата, а и да се исклучи намалувањето на перформансите, доколку корисникот одлучи така.

Во рекламата, Samsung прикажува корисничка на iPhone 6 која има проблеми со својот телефон поради намалените перформанси. Телефонот едноставно касни во се што таа сака да го направи, па тоа ја доведува и до неколку проблеми.

На аеродромот ја чекаат да ја отвори и прикаже својата резервација на картата, додека го чека авионот не може веднаш да ја вклучи апликацијата за да слуша музика, на летот не може да гледа филм, додека најлошото од се, влегува во погрешното Uber возило.

Корисничката на iPhone на крајот решава да отиде до Apple продавница и да побара да и биде поправен телефонот којшто е многу бавен. Од таму и истакнуваат за намалувањето на перформансите поради батеријата, па и препорачуваат дека може да ја исклучи таа опција, меѓутоа не и понудуваат да ја промени батеријата, туку само да си купи понов модел на телефон.

Таа секако се решава да го купи најновиот Samsung Galaxy S9, наместо некој од поновите iPhone модели, па среќна го користи својот нов телефон.

Рекламата е во продолжение, па слободно дадете ги вашите коментари ?

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаМакпетрол АД Скопје дел од „1st Skopje Vespa Days“
Следна статијаНесекојдневни и впечатливи – бронзени девојки во третата фаза од кампањата „Младост без лудост“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.