08_Samsung_IFA 2016-Berlin_01.09.2016

Скопје, 2. септември, 2016 – Во Самсунг (Samsung) сме исклучително посветени на производство со највисок квалитет и секој извештај за пријавена неприлика или незгода од страна на нашите ценети Потрошувачи ја сфаќаме и земаме в предвид, секогаш многу сериозно.

Како реакција за неодамна пријавените случаи во врска со новиот Галакси Ноут7 (Galaxy Note7), спроведовме детална истрага и лоциравме техничкки проблем поврзан со изворот на напојување – батерија.

До 1. септември пријавени се вкупно 35 случаи на Светско ниво и моментално, заедно со нашите добавувачи и Партнери работиме на темелно истражување со цел – идентификација на можните проблематични батерии на пријавените Galaxy Note7.

Оттука, земајќи ја предвид безбедноста на нашите Потрошувачи како апсолутен приоритет во Самсунг, ја стопиравме продажбата на Galaxy Note7.

Во целост ја прифаќаме непријатноста од настанатата ситуација и истовремено сметаме дека  превземените мерки ќе покажат дека Самсунг навистина продолжува да произведува и обезбедува производи со највисок квалитет. Истовремено, заедно со нашите Партнери интензивно работиме во правец на третман на проблемот и изнаоѓање решение кое ќе биде најпогодно, најпрактично и најефикасено.

Претходна статијаAcer Predator 21 X е чудовиште од гејмерски лаптоп со 21 инчен заоблен дисплеј и две GTX 1080 графички
Следна статијаGoogle Chrome 53 го донесе материјалниот дизајн кај овој познат прелистувач